Почина Иван Котев – доајенот на македонската фолклористика и неуморен чувар на народното наследство
Струмица и Македонија останаа без еден од најголемите истражувачи на народната традиција. До последниот ден твореше – пред само дваесет дена ја промовираше својата најнова монографија, а утре ќе биде погребан во родното Робово, согласно неговата последна желба. Роден во 1939 година во струмичкото село Робово, Иван Котев целиот свој живот го посвети на образованието, науката и зачувувањето на македонското народно творештво. Основното образование го завршил во родното село и во Муртино, средното в...