Итната медицинска помош во Струмица доби ново амбулантно возило со современа медицинска опрема

Итната медицинска помош во Струмица од денеска располага со ново амбулантно возило, опремено со современа медицинска опрема, кое ќе придонесе за побрза, поквалитетна и поефикасна здравствена грижа за пациентите. Новото возило, заедно со два ЕКГ-апарати, два полуавтоматски и два автоматски дефибрилатори, е обезбедено преку проектот „Heart Safe CBA – Towards a Cross-Border Area Safe for the Heart“, кој се реализира во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, со фи...

пред 13 часа | 0
strumicanet.com

Итната медицинска помош во Струмица доби ново амбулантно возило со современа медицинска опрема


Сподели преку

Гужви пред Алта банка во Струмица – граѓаните со часови чекаа за исплата на пензии, плати и социјална помош

Од денеска започна исплатата на готовина во износи до 20.000 денари на шалтерите на Алта банка во Струмица, но почетокот на исплатата беше проследен со големи гужви и долги чекања на граѓаните кои дојдоа да ги подигнат своите пензии, плати, социјална помош и надоместоци за туѓа нега. Пред експозитурата на банката во Струмица граѓаните започнале да се собираат уште од 7 часот наутро. Според нивните сведоштва, по повеќечасовното чекање биле информирани дека во експозитурата нема доволно готовина и...

пред 14 часа | 0
strumicanet.com

Гужви пред Алта банка во Струмица – граѓаните со часови чекаа за исплата на пензии, плати и социјална помош


Сподели преку

Градежни активности на патот Муртино – Банско, апел до возачите да користат алтернативни правци

На патниот правец Муртино – Банско во тек се градежни активности што ги реализира Јавното претпријатие за државни патишта, информираат од Општина Струмица. Поради изведувањето на градежните работи, од Општината упатуваат апел до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да користат алтернативни патни правци и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Надлежните апелираат за разбирање, трпение и соработка од страна на граѓаните во периодот додека траат градежните активности на овој п...

пред 16 часа | 0
strumicanet.com

Градежни активности на патот Муртино – Банско, апел до возачите да користат алтернативни правци


Сподели преку

СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Струмички археолог Зоран Рујак пронајде меч стар 3500 години во Дојранското езеро

Значајно археолошко откритие во водите на Дојранското Езеро! Струмичкиот археолог Зоран Рујак од НУ Завод и музеј – Струмица, при истражувањата на праисториската наколна населба на локалитетот Мрдаја, пронашол бронзен меч од микенски тип, стар околу 3500 години, кој според досегашните сознанија се смета за најстариот досега откриен на територијата на Македонија. Покрај мечот, археолозите откриле и остатоци од куќа на металург, како и керамички садови украсени со спирални и геометриски мотиви. Но...

пред 1 ден | 0
strumicanet.com

СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Струмички археолог Зоран Рујак пронајде меч стар 3500 години во Дојранското езеро


Сподели преку

СОУУД „Димитар Влахов“ со Свечена академија одбележа 80 години постоење

Со Свечена академија, која синоќа се одржа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, Средното општинско училиште со ученички дом „Димитар Влахов“ го одбележа големиот јубилеј – 80 години од своето основање. Свеченоста, организирана под мотото „80 години создаваме вредности“, беше посветена на богатата историја на училиштето, неговиот развој низ децениите и бројните генерации наставници и ученици кои оставиле свој белег во осумдецениското постоење на оваа образовна институција. Пред прису...

пред 1 ден | 0
strumicanet.com

СОУУД „Димитар Влахов“ со Свечена академија одбележа 80 години постоење


Сподели преку

Од натпреварувачка до членка на жирито: Струмичанката Тина Русева се враќа во „The Voice of Germany“

Струмичанката Тина Русева ќе биде дел од жирито во тимските дуели („Teamfights“) на „The Voice of Germany“. Тина на социјалните мрежи објави дека заедно со другите членови на жирито ќе одлучува кои натпреварувачи ќе се пласираат во полуфиналето на германското музичко шоу. Во оваа фаза гласаат поранешни учесници во натпреварот. „Драго ми е што можам баш јас да гласам затоа што точно знам што треба и како се осеќав кога бев на истата сцена“, напиша Тина. Таа се заблагодари за довербата да биде едн...

пред 2 дена | 0
strumicanet.com

Од натпреварувачка до членка на жирито: Струмичанката Тина Русева се враќа во „The Voice of Germany“


Сподели преку

Во Струмица ќе се одржи панел-дискусијата „Здрави животни навики – здрава иднина“

Во недела, 8 ноември, во 13:00 часот, во кафе-барот „Момент“ во Струмица ќе се одржи панел-дискусијата „Здрави животни навики – здрава иднина“, посветена на превенцијата и грижата за физичкото и менталното здравје. Настанот го организира Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Струмица, во соработка со комисиите за спорт и за здравство и социјална политика при УМС. Гости на панелот ќе бидат д-р Петар Марков, специјалист по абдоминална хирургија и пратеник и Тоше Зафиров, македонски шампион во...

пред 2 дена | 0
strumicanet.com

Во Струмица ќе се одржи панел-дискусијата „Здрави животни навики – здрава иднина“


Сподели преку

СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица одбележа 80 години постоење: Осум децении знаење, труд и успеси

Со пригодна свеченост во училишниот двор, СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица денеска го одбележа својот патронен празник и големиот јубилеј – 80 години од основањето на училиштето. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, претставници на Одделението за образование при Општина Струмица, директори на основни и средни училишта, сегашни и поранешни професори, вработени, родители и ученици. Пред присутните се обрати директорката на училиштето, Билјана Бајрактарова, која и...

пред 3 дена | 0
strumicanet.com

СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица одбележа 80 години постоење: Осум децении знаење, труд и успеси


Сподели преку

Во BENZOIL – Попуст од 3 денари за секој литар гориво за корисниците на Loyalty картичките

Повторно сите корисници на Loyalty картичките на бензинските станици БЕНЗОИЛ ќе можат да точат гориво со попуст од 3 денари за секој литар наточено гориво. Со оваа поволност, БЕНЗОИЛ продолжува да ја наградува довербата на своите потрошувачи, овозможувајќи им поквалитетна услуга, сигурност и дополнителна заштеда при секое точење гориво. Лојалните корисници преку Loyalty card програмата добиваат директен попуст веднаш на каса, а компанијата и понатаму останува посветена на обезбедување современа...

пред 3 дена | 0
strumicanet.com

Во BENZOIL – Попуст од 3 денари за секој литар гориво за корисниците на Loyalty картичките


Сподели преку

ОО СДСМ Струмица одржа Изборна конференција – потврден мандатот на Лазо Манев и избрани новите раководни органи

Општинската организација на СДСМ Струмица вчера ја одржа својата Изборна конференција, на која беше потврден новиот мандат на досегашниот претседател, д-р Лазо Манев, а беа избрани и новите состави на Извршниот и Надзорниот одбор на партиската организација. На конференцијата присуствуваше и претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, кој пред делегатите и членовите ги претстави клучните насоки за понатамошното делување на партијата, со акцент на реорганизацијата на терен, подобрувањето на условите...

пред 4 дена | 0
strumicanet.com

ОО СДСМ Струмица одржа Изборна конференција – потврден мандатот на Лазо Манев и избрани новите раководни органи


Сподели преку

Иван Кукиќ ја крена на нозе белградската публика – Дадо Топиќ: „Иван е најдобриот музичар со кој некогаш сум свирел!“

Струмичанецот Иван Кукиќ со својот бенд „Sound Therapy“ приреди вистински музички спектакл во преполната со емоции „МТС дворана“ во Белград, каде што синоќа, го одржа двочасовниот концерт „Зачарани круг“. Моќен рок-звук, авторска музика, македонска традиција, врвни музички изведби и овации од публиката ја одбележаа вечерта за која српскиот музички портал „Music Pocket Magazin“ пишува со големо воодушевување. Според пишувањето на српскиот портал, концертот бил вистинско музичко патување низ разли...

пред 5 дена | 0
strumicanet.com

Иван Кукиќ ја крена на нозе белградската публика – Дадо Топиќ: „Иван е најдобриот музичар со кој некогаш сум свирел!“


Сподели преку

Поради дефект прекинато водоснабдувањето на две улици во градот Струмица

Поради дефект на водоводна цевка, денеска е прекинато водоснабдувањето на дел од улиците „Крушевска Република“ и „Браќа Минкови“ во Струмица, информираат од ЈПКД „Комуналец“. Без вода се корисниците на улицата „Крушевска Република“, на потегот од улицата „Младинска“ до улицата „Киро Абрашев“, како и на улицата „Браќа Минкови“, од улицата „Киро Абрашев“ до улицата „Младинска“. Екипите на ЈПКД „Комуналец“ работат на отстранување на дефектот, а нормализирање на водоснабдувањето се очекува до 13:00...

пред 5 дена | 0
strumicanet.com

Поради дефект прекинато водоснабдувањето на две улици во градот Струмица


Сподели преку

Општина Струмица ќе доделува по 3.000 денари месечно финансиска поддршка за учениците со попреченост

Општина Струмица вчера распиша јавен повик за доделување финансиска поддршка на редовните ученици со попреченост кои посетуваат настава во основните и средните училишта на територијата на општината во учебната 2026/2027 година. Финансиската поддршка изнесува 3.000 денари месечно, во времетраење од девет месеци, односно вкупно 27.000 денари по ученик за една учебна година. Право на финансиска поддршка имаат редовните ученици со попреченост запишани во општинските основни и средни училишта, како и...

пред 5 дена | 0
strumicanet.com

Општина Струмица ќе доделува по 3.000 денари месечно финансиска поддршка за учениците со попреченост


Сподели преку

И во Струмица ќе се отвори шалтер на Алта банка – корисниците на социјална помош ќе можат да ги подигнат сите пари

Министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски, најави отворање дополнителни шалтери во Битола, Скопје и Струмица, со цел да се овозможи исплата на паричните средства на корисниците на социјална помош и други права од социјална заштита кои имаат сметки во Алта банка. Според најавите, се прават напори веќе од утре да започне исплатата на целокупните износи на паричната помош директно на шалтерите, без ограничувања при подигнувањето на средствата. Планот предвидува најпрво да се отвори шалтер во...

пред 6 дена | 0
strumicanet.com

И во Струмица ќе се отвори шалтер на Алта банка – корисниците на социјална помош ќе можат да ги подигнат сите пари


Сподели преку

Библиотеките од Струмица и Охрид потпишаа меморандум за соработка

Градската библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја официјализираа својата соработка со потпишување меморандум, чија цел е унапредување на културните активности, размена на искуства и реализација на заеднички проекти. Меморандумот денеска во Охрид го потпишаа директорките на двете институции, Васка Кирова и Христина Трпеска. Со документот се предвидува соработка во повеќе области, меѓу кои промоција на културата и уметноста, развој на младинските...

пред 6 дена | 0
strumicanet.com

Библиотеките од Струмица и Охрид потпишаа меморандум за соработка


Сподели преку

УХМР: Од среда стабилно и суво време, за викендот постудени утра со температури под нулата

Од утре (среда) следува период на стабилно и суво време со променлива облачност во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од петок се очекува намалување на облачноста, а во деновите од викендот утрата ќе бидат постудени, со минимални температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Според најавата на УХМР, стабилното и суво време ќе продолжи и во наредните денови. The post УХМР: Од среда стабилно и суво време, за викендот постудени утра со температури...

пред 6 дена | 0
strumicanet.com

УХМР: Од среда стабилно и суво време, за викендот постудени утра со температури под нулата


Сподели преку

Денеска прекин во водоснабдувањето на делови од две улици во Струмица

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека денеска, 2 ноември, во периодот од 11:00 до 13:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на делови од две улици во градот. Прекинот е поради интервенции на водоводната мрежа, односно изведба на нов водоводен приклучок. Без вода ќе бидат корисниците на улицата „Ленинова“, на потегот од број 25 до Стопанска банка, како и на улицата „Благој Јанков Мучето“, од број 18 до број 34. Од ЈПКД „Комуналец“ им се заблагодаруваат на граѓаните за разбира...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Денеска прекин во водоснабдувањето на делови од две улици во Струмица


Сподели преку

Мирис на домашни специјалитети, песна и традиција: Градашорци по 18-ти пат ја славеше својата „Празијада“

Кога ќе се спојат вредните раце на домаќинките, плодната струмичка земја, македонската песна и гостопримството, се раѓа празник што ги храни и телото и душата. Токму така беше вчера во Градашорци, каде што по 18-ти пат се одржа традиционалната манифестација „Ден на празот 2026“, меѓу народот позната како „Празијада“. Во дворот на црквата „Св. Никола“ во селото Градашорци, општина Василево, вчера повторно замириса на домашни сукани пити, зелници и баници со праз и традиционални специјалитети. Пра...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Мирис на домашни специјалитети, песна и традиција: Градашорци по 18-ти пат ја славеше својата „Празијада“


Сподели преку

„Струмица Гас“ ја објави цената на природниот гас за ноември – продолжуваат субвенциите за домаќинствата

Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица Гас“ – Струмица ја објави цената на природниот гас за месец ноември 2026 година. Според известувањето од претпријатието, цената на природниот гас за ноември ќе изнесува 8,0692 денари за киловат-час (kWh) без ДДВ, односно 9,521656 денари за киловат-час со вклучен ДДВ. Од „Струмица Гас“ информираат дека Општина Струмица продолжува со исплатата на субвенции за корисниците на природен гас од категоријата домаќинства. Со оваа мерка и понатаму се о...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

„Струмица Гас“ ја објави цената на природниот гас за ноември – продолжуваат субвенциите за домаќинствата


Сподели преку

Ротари клуб Струмица организираше донаторска винска вечер под мотото „Да наздравиме за добри дела“

Во организација на Ротари клуб Струмица, во саботата, во свечената сала на хотелот „Сириус“ во Струмица се одржа донаторска винска вечер под мотото „Да наздравиме за добри дела“. Настанот беше посветен на хуманоста, солидарноста и заедништвото, а присутните имаа можност да уживаат во дегустација на вина, дружење и музика, во духот на ротаријанските вредности и заложбите за општествена одговорност. Во рамките на винската вечер беа претставени вина од 11 винарии и производители: „Далвина“, „Виника...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Ротари клуб Струмица организираше донаторска винска вечер под мотото „Да наздравиме за добри дела“


Сподели преку

Дождот не ги запре тркачите на „Струмица на улица 2026“ – Жан Тосев со личен рекорд и трет најдобар резултат во историјата на македонскиот полумаратон

И покрај дождливото време, улиците на Струмица денеска беа исполнети со спортски дух, енергија и натпреварувачка атмосфера. Петтото издание на градската трка „Струмица на улица – Sunday Run 2026“ собра над 700 трчачи, кои приредија вистински спортски спектакл со одлични резултати и лични рекорди. Посебно се истакна македонскиот репрезентативец Жан Тосев од АК Струмица, кој триумфираше во полумаратонската трка на 21 километар, поставувајќи нов личен рекорд со време од 1 час, 9 минути и 22 секунди...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Дождот не ги запре тркачите на „Струмица на улица 2026“ – Жан Тосев со личен рекорд и трет најдобар резултат во историјата на македонскиот полумаратон


Сподели преку

Форумот на жени на СДСМ Струмица го одбележа „Розовиот Октомври“ со пораки за поддршка и важноста на превенцијата

Форумот на жени при Општинската организација на СДСМ во Струмица вчера го одбележа „Розовиот Октомври“, месецот посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, со активност насочена кон женското здравје, превенцијата и меѓусебната поддршка. Во рамките на настанот, организаторките испратија пораки со љубов, надеж и охрабрување до мајките, сестрите, ќерките, пријателките и сите жени, потсетувајќи дека вниманието и топлиот збор можат да бидат значајна поддршка. За важноста на редовните превентивн...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Форумот на жени на СДСМ Струмица го одбележа „Розовиот Октомври“ со пораки за поддршка и важноста на превенцијата


Сподели преку

Во Струмица ќе се одржи проекција на филмот „Quasi Grazia“, посветен на италијанската нобеловка Грација Деледа

Во вторник, на 3 ноември, во Младинскиот центар во Струмица ќе се одржи проекција на биографскиот филм „Quasi Grazia“, посветен на животот и творештвото на италијанската писателка Грација Деледа, добитничка на Нобеловата награда за литература во 1926 година. Настанот е закажан со почеток во 18:30 часот. Проекцијата ја организира Здружението за афирмација на италијанскиот јазик и култура „Кво Вадис Ад Астра“ од Струмица, како дел од одбележувањето на 100-годишнината од доделувањето на Нобеловата...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Во Струмица ќе се одржи проекција на филмот „Quasi Grazia“, посветен на италијанската нобеловка Грација Деледа


Сподели преку

Мода со хумана мисија во Струмица: „Биди своја“ ги обедини жените во поддршка на болните од рак на дојка и матурантките од социјално загрозени семејства

Под мотото „Биди своја – мода, солидарност и хуманост“, синоќа во „Грандис“ во Струмица се одржа хуманитарна модна ревија, која преку креативноста, женската солидарност и заедништвото обедини две благородни цели – поддршка на жените кои се соочуваат со рак на дојка и помош за матурантки од семејства во социјален ризик. Настанот беше организиран од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ при Општинскиот комитет во Струмица, а на модната писта беа претставени креации на Љупка Митрова, Елена Лука и Emily, ко...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Мода со хумана мисија во Струмица: „Биди своја“ ги обедини жените во поддршка на болните од рак на дојка и матурантките од социјално загрозени семејства


Сподели преку