„Комуналец“ ќе врши реевидентирање на податоците на сите локации во Струмица
ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги информира граѓаните дека во наредниот период ќе спроведе реевидентирање и ажурирање на податоците на сите локации во градот, со цел да се обезбеди поефикасно и поквалитетно давање на комуналните услуги. Од претпријатието соопштија дека овластени тимови ќе ги посетуваат адресите во Струмица заради ажурирање на евиденцијата. Поради обемот на активноста, процесот ќе се реализира постепено и се очекува да трае неколку месеци. Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните за...