Изложбата „Ancestor“ на Киро Урдин денеска се отвора во белгискиот Кноке-Зут
Македонскиот академски сликар од Струмица, Киро Урдин денеска ќе ја отвори својата нова самостојна изложба „Ancestor“ во Галеријата „Jonas“ во белгискиот град Кноке-Зут, едно од најпознатите европски крајбрежни уметнички и туристички средишта. Изложбата претставува нов циклус дела преку кои Урдин продолжува да ги истражува темите за потеклото, духовното наследство, човечката меморија и универзалната поврзаност меѓу луѓето – мотиви што се препознатлив белег на неговото долгогодишно творештво и фи...