Струмица не ги заборава хероите: 14 години од трагичниот пожар над градот
Со положување свежо цвеќе и оддавање почит пред спомен-обележјето, денеска во Струмица беше одбележана 14-годишнината од големиот пожар над градот, во кој животите ги загубија четворица храбри граѓани. На 23 јули 2012 година, пожарот што избувна над Струмица се прошири на поголем дел од ридот. Во обидите за справување со огнената стихија трагично загинаа браќата Блажо Стојков и Пено Стојанов од селото Рич, Мите Ѓоргиев од Струмица и Војо Гркљанов од Вељуса, а 11 лица беа повредени. Човечкиот фак...