Ученик од ДСУ „Никола Карев“ од Струмица дел од победничкиот тим на меѓународен хакатон во Италија
Ученикот Никола Настев од Државното средно училиште РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица е дел од победничкиот тим на меѓународниот хакатон „SHU2026 Young Makers“, кој се одржа во Каша, Италија. На хакатонот учествуваа околу 400 млади луѓе од целиот свет, кои работеа на темите „Мир со себе“, „Мир со планетата“ и „Мир меѓу луѓето“. Победата ја освои тимот „BasilicaXR“, предводен од Никола Настев, во кој учествуваа и Дарио Павлески од ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, како и други членови од меѓунар...