„Ротари клуб“ Струмица донираше два нови ЕКГ апарати за Општата болница Струмица

„Ротари клуб“ Струмица донираше два нови ЕКГ апарати за потребите на ЈЗУ Општа болница – Струмица, со цел унапредување на здравствената заштита и подобрување на условите за дијагностика на пациентите. Новата медицинска опрема ќе придонесе за поквалитетно и поефикасно обезбедување здравствени услуги, како и за олеснување на секојдневната работа на здравствените работници во струмичката болница. Донацијата е реализирана во соработка со раководството на болницата. Од „Ротари клуб“ Струмица ја истак...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

„Ротари клуб“ Струмица донираше два нови ЕКГ апарати за Општата болница Струмица


Сподели преку

Општина Струмица: Водата од локалните чешми во Рич и Белотино не е исправна за пиење

Водата од локалните чешми во населените места Рич и Белотино не е здравствено исправна за пиење, покажале испитувањата извршени од Центарот за јавно здравје – Струмица. Информацијата утринава беше објавена на официјалната Фејсбук-страница на Општина Струмица. Во Белотино примерокот бил земен од чешмата во црквата, додека во Рич од чешмата во центарот на селото. Според објавата, станува збор за објекти што се дел од локалните водоводни системи. Врз основа на микробиолошките и физичко-хемиските ла...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Општина Струмица: Водата од локалните чешми во Рич и Белотино не е исправна за пиење


Сподели преку

Југослав Тренчовски нов тренер на словенечкиот гигант „Олимпија“ Љубљана

Струмичкиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски ќе биде нов шеф на стручниот штаб на словенечкиот гигант ФК „Олимпија“ Љубљана. Тој на тренерската позиција ќе го наследи Мишо Бречко и ќе го преземе кормилото на популарните „змајчеки“. Тренчовски минатата сезона остави одличен впечаток предводејќи го „Радомље“, тим со кој постигна забележителни резултати и беше едно од пријатните изненадувања во словенечкото првенство. Неговиот ангажман во „Радомље“ заврши по последното коло од сезоната. Сега п...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Југослав Тренчовски нов тренер на словенечкиот гигант „Олимпија“ Љубљана


Сподели преку

Почнуваат подготовки за нов асфалт на булеварот „Маршал Тито“ и улицата „Брегалница“

Општина Струмица информира дека од денеска започнуваат подготвителните активности за поставување втор слој асфалт на левата страна од булеварот „Маршал Тито“. Градежните активности ќе се изведуваат на потегот од крстосницата со улицата „Ѓорѓи Василев“ до крстосницата со „Димитар Цветинов“. Втор слој асфалт ќе биде поставен и на улицата „Брегалница“. Од Општината апелираат до граѓаните кои живеат во овие делови од градот да покажат трпеливост и разбирање и да не ги паркираат своите возила на делн...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Почнуваат подготовки за нов асфалт на булеварот „Маршал Тито“ и улицата „Брегалница“


Сподели преку

Топол бран ја зафаќа македонија: во почетокот на август температури до 40°

Под влијание на топол бран, во следните денови во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Особено високи температури се очекуваат во првата декада од август, кога дневната температура на одредени места ќе достигне и до 40° Целзиусови. The post ТОПОЛ БРАН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА: Во почетокот на август температури до 40° appeared first on Radio StrumicaNet.

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Топол бран ја зафаќа македонија: во почетокот на август температури до 40°


Сподели преку

„Струмица Транспорт“: Поради градежни активности, Линија 1 нема да сообраќа по четири часа дневно

ЈСП „Струмица Транспорт“ ги известува патниците дека од денеска, 27 јули, до 31 јули 2026 година, Линија 1 нема да сообраќа на патниот правец од Капела до Вељуса и обратно, во периодот од 10:30 до 14:30 часот. Причина за привремениот прекин на сообраќањето се градежните активности што се изведуваат на овој патен правец. Од јавното сообраќајно претпријатие им препорачуваат на патниците навремено да го планираат своето патување и им благодарaт за разбирањето. The post „Струмица Транспорт“: Поради...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

„Струмица Транспорт“: Поради градежни активности, Линија 1 нема да сообраќа по четири часа дневно


Сподели преку

Уапсен 41-годишен струмичанец осомничен дека подметнал два пожари

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против В.К.(41) од Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешки дела против општата сигурност“. Според информациите од полицијата, на 25 јули околу 22:00 часот и на 26 јули околу 01:00 часот, осомничениот подметнал пожари на трактор сопственост на 70-годишен струмичанец и на патничко возило „Киа“, сопственост на друг жител на Струмица. Благодарение на брзата ин...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Уапсен 41-годишен струмичанец осомничен дека подметнал два пожари


Сподели преку

Дел од улицата „Ванчо Китанов“ денеска четири часа ќе биде без вода поради дефект

Жителите на дел од улицата „Ванчо Китанов“ во Струмица денеска привремено ќе останат без водоснабдување поради дефект на водоводната мрежа. Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека без вода ќе бидат корисниците на потегот од раскрсницата со улицата „Моша Пијаде“ до раскрсницата со улицата „Беласица“, во периодот од 08:00 до 12:00 часот. Екипите на претпријатието се на терен и работат на санирање на дефектот, со цел водоснабдувањето да биде нормализирано во најкус можен рок. За дополнителни...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Дел од улицата „Ванчо Китанов“ денеска четири часа ќе биде без вода поради дефект


Сподели преку

Водата од системот „Иловица“ во општина Босилово привремено не е безбедна за пиење поради заматување

Општина Босилово ги известува граѓаните дека, поради појава на заматување на водата од хидросистемот „Иловица“, водата од водоснабдителниот систем „Иловица“ привремено не треба да се користи за пиење, сè до добивање на ново известување. Од ЈКПД „Огражден“ – Босилово информираат дека од утре ќе започнат активности за испуштање на водата и перење на водоснабдителниот систем, со цел нормализирање на состојбата. Во меѓувреме, денеска се земени примероци од водата кои ќе бидат анализирани во акредити...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Водата од системот „Иловица“ во општина Босилово привремено не е безбедна за пиење поради заматување


Сподели преку

Гореше стрништа и сува трева кај Добрејци

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица денеска (недела, 26 јули), во 13:45 часот, интервенираше на пожар што избувнал на запалени стрништа и сува трева во атарот на селото Добрејци. Во интервенцијата биле ангажирани три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители, кои со брза и ефикасна реакција успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. Благодарение на навремената интервенција, спречено е понатамошното ширење на огнот и предизвикување на поголеми материјални и еколошки...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Гореше стрништа и сува трева кај Добрејци


Сподели преку

Радовската коњаница по петти пат тргна кон Крушево – 16 јавачи од струмичко ќе бидат дел од илинденската свеченост на Мечкин Камен

Шеснаесет јавачи од струмичкиот регион, како дел од Радовската коњаница, утрово од селото Радово, општина Босилово, го започнаа традиционалниот Илинденски марш кон славното Крушево. На 2 Август – Илинден, тие ќе им се придружат на коњаниците од повеќе градови во државата и ќе бидат дел од централната свеченост на Мечкин Камен. Годинава кон славното Крушево се упатија Матеј Сирачев, Никола Г. Сирачев, Стојанчо Карамазичев, Марјан Ѓоргиев, Игор Манолев, Ѓорги Сирачев, Љупче Атанасов, Никола И. Сир...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Радовската коњаница по петти пат тргна кон Крушево – 16 јавачи од струмичко ќе бидат дел од илинденската свеченост на Мечкин Камен


Сподели преку

Движењето ЗНАМ од Струмица порача: На Македонија ѝ се потребни политики со резултати, а не привилегии

Во рамки на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, Движењето ЗНАМ денеска во Струмица одржа панел-дискусија на која беа презентирани ставовите на партијата за актуелните политички состојби, реформите во јавната администрација и развојот на земјоделството. Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во своето обраќање оцени дека на Македонија ѝ се потребни политики кои ќе бидат во интерес на граѓаните, а не на поединци и привилегирани структури. Тој порача дека...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Движењето ЗНАМ од Струмица порача: На Македонија ѝ се потребни политики со резултати, а не привилегии


Сподели преку

19-годишен велосипедист тешко повреден при пад во Смолари

Деветнаесетгодишен велосипедист од струмичкото село Дражево се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола над велосипедот и паднал на коловоз во село Смолари. Според информациите од СВР Струмица, незгодата се случила вчера околу 17:30 часот. Велосипедот го управувал С.Ѓ.(19) од село Дражево, кој од засега неутврдени причини изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болницата во Струмица. Увид на м...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

19-годишен велосипедист тешко повреден при пад во Смолари


Сподели преку

Шест лица од Просениково приведени за насилство по напад во куќа во Сарај, едно лице пукало со ловечка пушка

Шест лица од струмичкото село Просениково добија кривични пријави поради насилен инцидент што се случил на 24 јули во село Сарај, при што биле физички нападнати повеќе лица, а едно од нив во текот на настанот испукало два куршуми во воздух со ловечка пушка. СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите од село Просениково, поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“....

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Шест лица од Просениково приведени за насилство по напад во куќа во Сарај, едно лице пукало со ловечка пушка


Сподели преку

„Камерна визија – Струмица 2026“ од 4 до 8 август со концерти, мастер-класи и музички работилници

Струмица од 4 до 8 август ќе биде домаќин на „Камерна визија – Струмица 2026“, петдневен музичко-сценски проект посветен на камерната музика, кој ќе понуди концерти, предавања, мастер-класи, индивидуална настава и специјализирани работилници. Годинава во рамките на проектот ќе се одржи и 17-то издание на Интернационалната работилница за дувачки инструменти, камерна музика и дувачки оркестар. Во програмата ќе бидат опфатени хорна, труба, кларинет и фагот, а со учесниците ќе работат истакнати проф...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

„Камерна визија – Струмица 2026“ од 4 до 8 август со концерти, мастер-класи и музички работилници


Сподели преку

Роденденска недела во „РАЗНОПРОМЕТ АС“: Попусти до 50% и голем пазар со фабрички цени

Од понеделник, 27 јули, започнува традиционалната роденденска недела во „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – Струмица. По повод 32 години од основањето, компанијата подготвува шест дена исполнети со големи попусти и поволности за своите потрошувачи. Од 27 јули до 1 август, сите производи во продажно-изложбениот салон ќе бидат достапни со попуст од 10% до 50%. На површина од 3.000 квадратни метри се изложени повеќе од 60.000 артикли – од материјали за изградба и реновирање до производи за целосно опремување на дом...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Роденденска недела во „РАЗНОПРОМЕТ АС“: Попусти до 50% и голем пазар со фабрички цени


Сподели преку

Тројца жители на Банско приведени во Муртино, пронајдени кокаин и марихуана

Полициски службеници од СВР Струмица синоќа околу 22:30 часот во селото Муртино ги лишиле од слобода Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од струмичкото село Банско. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед на патничко возило „Пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати тројцата, биле пронајдени кокаин и марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица. Врз основа на судска наредба бил извршен и претрес во домот на Е.И. во Банско, кад...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Тројца жители на Банско приведени во Муртино, пронајдени кокаин и марихуана


Сподели преку

Во Струмица се продава нов, комплетно наместен дуплекс од 164 м²

Се продава нов и комплетно наместен стан – дуплекс, лоциран во близина на транзитниот пат во Струмица. Станот има површина од 164 м² и се наоѓа на петтиот и шестиот кат во зграда со лифт. Има западна ориентација, а греењето и ладењето се обезбедени со две инвертер-клими. Распоред на просториите: Прво ниво: кујна; трпезарија; дневна соба; остава; бања; балкон. Второ ниво: четири спални соби; бања; гостински тоалет; балкон; подрум. Во продажната цена се вклучени и две надворешни паркинг-места. Ста...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Во Струмица се продава нов, комплетно наместен дуплекс од 164 м²


Сподели преку

Струмичанец приведен кај Гевгелија, во неговото возило пронајдени седум мигранти

Полицијата синоќа околу 19:30 часот го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица, откако во возилото што го управувал биле пронајдени седум мигранти. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тој бил запрен во близина на крстосницата на локалниот пат Богородица – Гевгелија и регионалниот пат Гевгелија – Богданци. При контролата на автомобилот „Фиат стило“, со австриски регистарски ознаки, биле пронајдени четири лица од Пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. По дополнителнит...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Струмичанец приведен кај Гевгелија, во неговото возило пронајдени седум мигранти


Сподели преку

Нов асфалт на три патни делници во општина Струмица

Екипи на Јавното претпријатие за државни патишта, во соработка и координација со службите на Општина Струмица, започнаа подготвителни активности за асфалтирање на три патни делници во општина Струмица. Во тек е гребење и отстранување на стариот асфалт на делницата од Вељуса кон Баница, во должина од 1.457 метри, низ селото Баница, во должина од 210 метри, како и од споменикот кај Раборци до селото Попчево, во должина од 1.793 метри. Според планираната динамика, гребењето на стариот асфалт треба...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Нов асфалт на три патни делници во општина Струмица


Сподели преку

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе бид...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини


Сподели преку

Дефект на главниот цевковод кај Филтер-станицата во Струмица, нема прекин во водоснабдувањето

На главниот цевковод кај Филтер-станицата во Струмица настанал дефект, информираат од ЈПКД „Комуналец“. Екипите на претпријатието веднаш почнале со санација, а во тек е изработка на бајпас преку кој водоснабдувањето треба да продолжи непречено додека трае поправката. Од „Комуналец“ нагласуваат дека градот континуирано се снабдува со вода од резервоарите на водоснабдителниот систем и засега нема прекин во снабдувањето. До крајот на денот се очекува да биде обезбедено водоснабдување преку новиот ц...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Дефект на главниот цевковод кај Филтер-станицата во Струмица, нема прекин во водоснабдувањето


Сподели преку

Граѓаните на општина Струмица можат да пријават штети од невремето до 31 јули

Општина Струмица ги повика граѓаните кои претрпеле штети од поројниот дожд, поплавите и силниот ветер на 20 и 21 јули да поднесат барање за процена на штетата најдоцна до 31 јули 2026 година. Барањата се доставуваат до општинската Комисија за процена и утврдување на висината на штетите настанати од природни непогоди и други несреќи. Образецот може да се подигне во просториите на Општина Струмица или да се преземе преку линк на општинската веб-страница. Кон барањето треба да се приложат: имотен л...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Граѓаните на општина Струмица можат да пријават штети од невремето до 31 јули


Сподели преку

Хиперхлорирање на водоводната мрежа во Куклиш – водата да не се користи за пиење во следните четири часа

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица денеска ќе изврши хиперхлорирање, односно дезинфекција на целокупната водоводна мрежа во селото Куклиш, по интервенциите на цевководот извршени во изминатите денови. Како што информираат од претпријатието, хиперхлорирањето е стандардна постапка за целосно прочистување на мрежата по извршени интервенции, со цел водата да биде безбедна за користење. На жителите им се препорачува во следните четири часа да не ја користат водата за пиење и за подготовка на храна. По истек...

пред 3 месеци | 2
strumicanet.com

Хиперхлорирање на водоводната мрежа во Куклиш – водата да не се користи за пиење во следните четири часа


Сподели преку