Водата од чешмата кај стадионот во Струмица не е исправна за пиење
Општина Струмица ги информира граѓаните дека водата од чешмата кај стадионот, која се снабдува од бушен бунар, не е исправна за пиење. По извршеното тестирање од Центарот за јавно здравје – Струмица, микробиолошките и физичко-хемиските лабораториски анализи покажале дека испитаниот примерок не ги исполнува условите утврдени со Правилникот за безбедност на водата. Како причина за неисправноста се наведува зголемениот вкупен број аеробни и мезофилни бактерии. Од Општина Струмица апелираат граѓанит...