Двајца струмичани повредени во сообраќајка кај Струга
Двајца струмичани се повредени во сообраќајна незгода што се случила вчера на регионалниот пат Подмоље – Струга. Во незгодата тешко е повредена и жена од Кичево. Според информациите од полицијата, сообраќајката била пријавена синоќа во 20:20 часот. Се судриле „Пежо 2008“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(59) од Струмица, и „Форд фиеста“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Ш.З.(41) од Кичево. К.Ш.З. се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот на „пежото“ и не...