Тешко повреден 60-годишен возач во судир на две возила на патот Струмица – Валандово
Шеесетгодишен жител на струмичкото село Костурино се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила вчера на регионалниот пат Струмица – Валандово, на делницата помеѓу селото Костурино и местото викано „Чадорче“. Според информациите од СВР Струмица, сообраќајката се случила околу 18:00 часот, а во неа учествувале патничко возило „Фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.Џ.(60) од Костурино, и патничко возило „Фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки...