Во месарница во Василево откриена нерегистрирана комора – уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела при вонредна инспекциска контрола во месарница на подрачјето на општина Василево открила нерегистрирана комора за складирање месо на приватен имот. Во комората биле пронајдени и запленети 400 килограми замрзнати месни производи, меѓу кои ќебапи и плескавици, како и 70 килограми внатрешни органи. Целокупната количина од 470 килограми е уништена на депонија, согласно законските процедури. Поради утврдените неправилности, инспекторите изрекл...