Струмица се врати во минатото: Над 100 олдтајмери блеснаа на плоштадот „Гоце Делчев“
Во организација на „Струмица Ретро клуб“, денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица по втор пат се одржа изложба на ретро возила која привлече голем број посетители и љубители на автомобилизмот од земјава и регионот. На изложбата беа претставени повеќе од 100 олдтајмери постари од 30 години, меѓу кои модели на „Мерцедес“, „Фолксваген“, „Застава“, „Фиат“, „Опел“, „Рено“, „Порше“ и „Шкода“. Внимание привлекоа неколкуте легендарни „Фиќовци“, како и возила стари повеќе од половина век. Освен уч...