Прекини на струја во Струмица и Просениково во вторник

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (вторник, 19 мај) ќе има прекин на електричната енергија поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. Според најавата, без електрична енергија ќе останат: од 09:30 до 13:00 часот – Булевар „Климент Охридски“ во Струмица, односно објектите во поранешна „Иднина“, од 09:30 до 14:00 часот – дел од селото Просениково, од влезот кон центарот на селото. The post Прекини на струја во...

пред 5 месеци | 6
strumicanet.com

Прекини на струја во Струмица и Просениково во вторник


Сподели преку

Почина учителката Зорица Димовска Митева

Денеска на 41-годишна возраст почина Зорица Димовска Митева од Струмица, одделенски наставник во ООУ „Даме Груев“ во Куклиш, сопруга и мајка на две деца. Веста за прераната смрт на Зорица Димовска Митева ја соопштија на социјалните мрежи од училиштето. „Почитувани ученици, почитувани родители! Со болка во душата, денес се простуваме од нашата колешка и вашата учителка Зорица Димовска Митева. Ќе ја помниме по посветеноста кон работата, љубовта кон учениците, топлата насмевка и енергијата со која...

пред 5 месеци | 8
strumicanet.com

Почина учителката Зорица Димовска Митева


Сподели преку

Песна што расплакува: Иван Кукиќ ja пееше „Разбуди се генерацијо“ во чест на Џочето

Силни емоции, аплаузи и моменти полни со тага и почит ја одбележаа синоќешната музичка вечер на Иван Кукиќ и бендот „YU FOR YOU“ во Центарот за култура „Антон Панов“, каде беше изведена песната „Разбуди се генерацијо“, посветена на прерано починатиот музичар Џоко Георгиев – Џочето. Песната, која ќе се најде на вториот албум на Иван Кукиќ за „Croatia Records“, беше изведена пред струмичката публика со посебна емоција и тежина, бидејќи е посветена како спомен и почит кон Џочето – другар и член на...

пред 5 месеци | 10
strumicanet.com

Песна што расплакува: Иван Кукиќ ja пееше „Разбуди се генерацијо“ во чест на Џочето


Сподели преку

Двајца млади од Старо Балдовци приведени, кај нив била пронајдена марихуана

Полициски службеници од СВР Струмица синоќа во 23:30 часот во Струмица ги лишиле од слобода Б.А.(25) и Џ.М.(24), двајцата од струмичкото село Старо Балдовци. При извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. За случајот бил запознаен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, а по неговото целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од струмичката полиција. The post Двајца млади од Старо Балдовци приведени, кај нив била пронајдена марихуана appeared fi...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

Двајца млади од Старо Балдовци приведени, кај нив била пронајдена марихуана


Сподели преку

УХМР предупредува: Можно брзо зголемување на водостоите во Струмичко поради поројни врнежи

УХМР денеска излезе со хидролошка информација во која предупредува на врнежи од дожд кои на изолирани места може да бидат интензивни и поројни, а локално да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. Според информацијата од Секторот за хидрологија при УХМР, особена претпазливост се препорачува во крајните западни и југоисточни делови од државата, меѓу кои е посочен и струмичкиот регион. Оттаму информираат дека ваквите појави ќе имаат локален карактер и дека кај...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

УХМР предупредува: Можно брзо зголемување на водостоите во Струмичко поради поројни врнежи


Сподели преку

Уапсен 18-годишник од Струмица, со малолетници ограбиле жена и признале уште една тешка кражба

Полициски службеници од СВР Струмица на вчера го лишиле од слобода Г.М.(18) од Струмица, осомничен за разбојништво извршено заедно со уште три малолетни лица. Според информациите од полицијата, на 14 мај околу 22:15 часот во Струмица, Г.М. заедно со две малолетни лица од Струмица и едно малолетно лице од Скопје, со употреба на сила одзеле ташна од Б.С. од Струмица, во која имало пари, лични документи и мобилен телефон, по што избегале од местото на настанот. Трите малолетни лица биле повикани во...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

Уапсен 18-годишник од Струмица, со малолетници ограбиле жена и признале уште една тешка кражба


Сподели преку

По тригодишен застој продолжува изградбата на затворениот базен во Струмица

По тригодишен застој продолжува изградбата на затворениот базен во Струмица, кој се наоѓа спроти спортскиот комплекс „Горан Пандев“, а кој беше започнат од тогашната Агенција за млади и спорт, сега Министерство за спорт. Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, денеска извршија увид во градежните активности на објектот, при што беше најавено дека базенот треба да биде целосно завршен до крајот на годинава, а најдоцна до јануари 2027 година да бид...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

По тригодишен застој продолжува изградбата на затворениот базен во Струмица


Сподели преку

Градоначалникот Петар Јанков со честитка до струмичките матуранти: „Верувајте во себе и следете ги своите соништа“

Матурантите од трите средни училишта во Струмица викендов ќе ја прослават матурската вечер, со што симболично ќе го заокружат едно важно поглавје од своето образование и ќе направат чекор кон нови животни предизвици. Први ќе слават матурантите од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“, кои матурската вечер ќе ја одржат во петок, матурантите од СОУ „Јане Сандански“ ќе прославуваат во сабота, додека матурантите од СОУУД „Димитар Влахов“ својата матурска забава ќе ја имаат во недела. По тој повод, градоначалнико...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

Градоначалникот Петар Јанков со честитка до струмичките матуранти: „Верувајте во себе и следете ги своите соништа“


Сподели преку

Општина Струмица организира Свечена академија по повод празникот Св. Кирил и Методиј

По повод Денот на словенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј, Општина Струмица на 21 мај (четврток) ќе организира Свечена академија во Центарот за култура „Антон Панов“, со почеток во 18:00 часот. На свеченоста ќе бидат доделени признанија на просветни работници од основните и средните училишта, за постигнување исклучителни резултати во воспитно-образовната работа, како и за нивниот придонес во афирмацијата на образованието и наставничката професија. Со академијата ќе им се оддаде поч...

пред 5 месеци | 8
strumicanet.com

Општина Струмица организира Свечена академија по повод празникот Св. Кирил и Методиј


Сподели преку

Советот на општина Струмица во понеделник ќе ја одржи 10-та седница: Буџетот, сообраќајот и противпожарно возило меѓу поважните точки

Советот на Општина Струмица во понеделник, на 18 мај, ќе ја одржи десеттата седница со почеток во 10:00 часот, а пред советниците ќе се најдат повеќе значајни точки од областа на финансиите, инфраструктурата, јавните претпријатија и сообраќајот. На дневен ред е Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Струмица за првото тромесечје од 2026 година, како и предлог-одлука за обезбедување средства за предфинансирање на проекти што ги имплементира Центарот за развој на Југоисточниот пл...

пред 5 месеци | 6
strumicanet.com

Советот на општина Струмица во понеделник ќе ја одржи 10-та седница: Буџетот, сообраќајот и противпожарно возило меѓу поважните точки


Сподели преку

Тиверија Брера го освои Купот на Македонија – струмичанките со убедливи 5:0 ја декласираа Каменица Саса

Фудбалерките на ФК „Тиверија Брера“ по вторпат во клупската историја го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако попладнево во Скопје убедливо славеа над „Каменица Саса“ со 5:0. Избраничките на тренерот Славе Велков одиграа доминантен натпревар и во текот на сите 90 минути целосно ја контролираа играта, создавајќи повеќе шанси и заслужено стигнувајќи до нов трофеј. Стрелци за струмичкиот состав беа Голабовска, Николовска и Панеска, додека Ане Бошеска со два погодоци стави печат на убедлив...

пред 5 месеци | 8
strumicanet.com

Тиверија Брера го освои Купот на Македонија – струмичанките со убедливи 5:0 ја декласираа Каменица Саса


Сподели преку

„Yu For You“ и Иван Кукиќ најавија музички спектакл во Струмица: Фолклорот и рокот ќе се спојат на сцената во „Антон Панов“

Во пресрет на концертот „Музичка приказна со свои зборови“, што ќе се одржи во сабота, 16 мај, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, денеска Иван Кукиќ и составот „Yu For You“ одржаа прес-конференција на која ја најавија музичката вечер што ќе донесе авторска музика, екс-ју хитови и несекојдневен спој на традицијата и модерниот звук. Иван кажа дека концертот долго време се подготвувал и дека целата екипа со голема возбуда го очекува настапот пред струмичката публика. „Повторно екипата на „Yu For Yo...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

„Yu For You“ и Иван Кукиќ најавија музички спектакл во Струмица: Фолклорот и рокот ќе се спојат на сцената во „Антон Панов“


Сподели преку

Струмица викендов беше центар на танцот: Над 1700 танчери и 5000 посетители на „Artist Hub Dance Competition 2026“

Изминатиот викенд во Струмица се одржа шестото издание на интернационалното танцово натпреварување „Artist Hub Dance Competition 2026“, кое собра над 1.700 танчери од Македонија, Србија, Бугарија и Црна Гора. Натпреварувачите настапија во повеќе танцови дисциплини, презентирајќи бројни кореографии и сценски перформанси пред многубројната публика. Во текот на двата натпреварувачки дена беа организирани и гала вечери, на кои најдобрите перформанси од денот се натпреваруваа за парични награди. Спор...

пред 5 месеци | 8
strumicanet.com

Струмица викендов беше центар на танцот: Над 1700 танчери и 5000 посетители на „Artist Hub Dance Competition 2026“


Сподели преку

Иловица ќе биде домаќин на традиционалните Фолклорни средби „Свети Атанасиј“ со настап на Влатко Миладиноски

Во организација на КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица, а во пресрет на патрониот празник на селото, во четврток, на 14 мај, со почеток во 18:30 часот, ќе се одржат традиционалните Фолклорни средби „Свети Атанасиј“. На манифестацијата ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Македонија, кои преку песни, игри и кореографии ќе го претстават богатството на македонскиот фолклор и традиција. Според најавите, покрај домаќините од КУД „Кирил и Методиј“ – Иловица, пред публикат...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

Иловица ќе биде домаќин на традиционалните Фолклорни средби „Свети Атанасиј“ со настап на Влатко Миладиноски


Сподели преку

Автомобил излета од патот меѓу Вељуса и Баница, тешко повреден возач од Струмица

Синоќа во 19:30 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица – Вељуса, на делницата меѓу селата Вељуса и Баница, патничко возило „Пежо“ со струмички регистарски ознаки излетало од коловозот. Според информациите од полицијата, возилото го управувал Ѓ.Т.(60) од Струмица, кој во незгодата се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во струмичката болница. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Струмица. The post Автомобил излета од патот меѓу Вељус...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

Автомобил излета од патот меѓу Вељуса и Баница, тешко повреден возач од Струмица


Сподели преку

Италијанскиот амбасадор Палминтери на средба во Струмица со градоначалникот Јанков

Во кабинетот на градоначалникот на општина Струмица денеска се одржа работна средба меѓу италијанскиот амбасадор во Македонија, Паоло Палминтери и градоначалникот Петар Јанков. На средбата биле потврдени одличните билатерални односи и долгогодишното активно партнерство меѓу Општина Струмица и Амбасадата на Италија. Како што информираа од Општината, главен фокус на разговорите бил ставен на продлабочување на соработката во областите на економскиот развој и земјоделството, културната дипломатија,...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

Италијанскиот амбасадор Палминтери на средба во Струмица со градоначалникот Јанков


Сподели преку

Уште еден парк во населбата Карпош: Општина Струмица започна нова „зелена“ инвестиција за почист воздух

Општина Струмица започна со реализација на уште еден урбан парк во населбата Карпош, веднаш до новоизградениот парк, во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“. Проектот се реализира во партнерство со УНДП (Програма за развој на Обединетите нации) и со финансиска поддршка од Шведска. Новиот парк ќе се простира на површина од околу 14.000 метри квадратни и ќе содржи современа паркова инфраструктура, пешачки патеки, урбана опрема и богати зелени површини. Во рамките на просторот...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

Уште еден парк во населбата Карпош: Општина Струмица започна нова „зелена“ инвестиција за почист воздух


Сподели преку

Филипче од Иловица: Земјоделците се соочуваат со огромни загуби и ниски откупни цени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска при посетата на селото Иловица во општина Босилово, оствари средба со земјоделци од регионот, на која се разговарало за актуелната состојба во земјоделството и проблемите со кои, според него, се соочуваат производителите. Филипче посочил дека земјоделците во државата се соочуваат со повеќе предизвици, меѓу кои неисплатени субвенции, ниски откупни цени и високи производствени трошоци, што, како што рече, предизвикува сериозни загуби кај производителит...

пред 5 месеци | 6
strumicanet.com

Филипче од Иловица: Земјоделците се соочуваат со огромни загуби и ниски откупни цени


Сподели преку

Честитка од д-р Гоце Христов по повод Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари

Директорот на ЈЗУ Општа болница – Струмица, д-р Гоце Христов, по повод 12 Мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари, упати честитка до медицинските сестри и техничари, изразувајќи благодарност за нивната посветеност, грижа и професионалност. Во својата честитка, д-р Христов истакна дека медицинските сестри и техничари се „тивките херои на здравството“ и срцето на болницата, кои секојдневно со својата човечност, трпение и професионален пристап им помагаат на пациентите. „Вашата г...

пред 5 месеци | 8
strumicanet.com

Честитка од д-р Гоце Христов по повод Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари


Сподели преку

Струмичкиот „Шихан Про“ со 9 медали на Европското првенство во карате во Романија

Карате клубот „Шихан Про“ од Струмица и македонското карате забележаа голем успех на Европското првенство во Фудокан карате кое од 7 до 10 мај се одржа во Covasna (Sepsi Arena Sfântu Gheorghe) во Романија. На првенството настапила Македонската Фудокан Карате Федерација, а учество зеле натпреварувачи од 22 држави. Петтемина каратисти од струмичкиот клуб „Шихан Про“ оствариле одличен резултат освојувајќи вкупно девет медали – три златни, два сребрени и четири бронзени. Најуспешен меѓу нив бил Тиме...

пред 5 месеци | 8
strumicanet.com

Струмичкиот „Шихан Про“ со 9 медали на Европското првенство во карате во Романија


Сподели преку

Одбојкарски бисер од Струмица: 14-годишната Вања Бабулова чекори кон големата сцена

Младата струмичанка Вања Бабулова важи за една од најталентираните млади одбојкарки во Македонија и веќе сериозно го привлекува вниманието со своите настапи во дресот на ОК „Наковски Волеј“. Родена во јули 2012 година, Вања доаѓа од семејство во кое одбојката се пренесува од генерација на генерација. Спортската традиција, заедно со нејзината посветеност и талент, придонесуваат уште од најрана возраст да покаже сериозен потенцијал. Со одбојката започнала да се занимава на седумгодишна возраст, а...

пред 5 месеци | 8
strumicanet.com

Одбојкарски бисер од Струмица: 14-годишната Вања Бабулова чекори кон големата сцена


Сподели преку

ООУ „Сандо Масев“ го одбележа патрониот празник и 84 години од смртта на Народниот херој Сандо Масев

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ во Струмица со пригодна свеченост го одбележа патрониот празник и 84 години од смртта на Народниот херој Сандо Масев. Во дворот на училиштето беше изведена пригодна програма посветена на ликот и делото на патронот, пред присутните гости, наставници, ученици и граѓани. По повод одбележувањето, свежо цвеќе положија претставници на Општина Струмица предводени од градоначалникот Петар Јанков и членови на Советот на општината, директорката на училиштето, Ксе...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

ООУ „Сандо Масев“ го одбележа патрониот празник и 84 години од смртта на Народниот херој Сандо Масев


Сподели преку

Кокаин закопан во земја кај Босилово: Кривични пријави за три лица од Струмица и Гевгелија

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од полицијата, првопријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин, а по претходен договор со второпријавениот П.Ч., го ангажирал со неговото в...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

Кокаин закопан во земја кај Босилово: Кривични пријави за три лица од Струмица и Гевгелија


Сподели преку

Струмица денеска и утре домаќин на државните спортски игри „Гимназијада 2026“

Струмица денеска и утре ќе биде домаќин на државните спортски игри „Гимназијада 2026“, на кои ќе настапат средношколски екипи од повеќе градови од државата во неколку спортски дисциплини. Официјалното отворање на „Гимназијада 2026“ е закажано за денеска (понеделник, 11 мај) во 10:30 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица. Натпреварите започнуваат во 12:00 часот и ќе се играат на повеќе спортски терени и сали во Струмица. Во машка конкуренција ќе се игра фудбал на теренот со вештачка трева к...

пред 5 месеци | 7
strumicanet.com

Струмица денеска и утре домаќин на државните спортски игри „Гимназијада 2026“


Сподели преку