Татко и син ограбиле и со остар предмет нападнале маж, па ја тепале и неговата сопруга
Татко и неговиот 18-годишен син се приведени по пријава дека во барака во Скопје ограбиле и нападнале маж, а потоа физички ја нападнале и неговата сопруга.С.Г.(33) пријавил дека му одзеле пари од чантата, по што го нападнале со остар и метален предмет.Според пријавата, Х.А.(47) и неговиот син А.А.(18) потоа ја нападнале и сопругата на пријавителот.Двајцата биле приведени на улицата „Вангел Тодоровски“. По целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.