(Видео) Израелски дрон погоди објект во Џенин, палестински извори тврдат дека има тројца загинати
Израелската војска во петокот извршила напад со дрон врз објект во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, при што, според палестински извори, загинале три лица. Палестинското Министерство за здравство засега официјално не го потврдило бројот на жртвите ниту нивниот идентитет.Израелската војска соопшти дека прецизно погодила неколку лица кои ги означила како терористи, но не наведе колку лица биле цел на нападот ниту дали има загинати.Според палестинската новинска агенција ВАФА, дронот погодил