Се стабилизираат улиците во Бегниште, во тек изградба на три потпорни ѕидови
Во селото Бегниште се градат три нови потпорни ѕидови со цел да се стабилизираат делови од улиците и да се зголеми безбедноста на жителите, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.Зафатот се реализира во рамки на Програмата за комунална изградба за 2025 година, а е започнат по барање на Месната заедница Бегниште.Според Јанчев, на делови од улиците постоела опасност од рушење, поради што изградбата на потпорните ѕидови била неопходна за стабилизирање и обезбедување на уличниот простор.