Три малолетни лица биле физички нападнати од група врсници во скопската општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, случајот бил пријавен на 1 ноември во СВР Скопје од 49-годишна жена, која навела дека нападот се случил претходната вечер, околу 21:45 часот.
Во нападот биле нејзиниот малолетен син и негови двајца другари, а според пријавеното, дел од напаѓачите им биле познати.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
The post Пријавен напад врз тројца малолетници во скопски Аеродром appeared first on METRO.mk.