Три малолетни лица биле физички нападнати од група врсници во скопската општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, случајот бил пријавен на 1 ноември во СВР Скопје од 49-годишна жена, која навела дека нападот се случил претходната вечер, околу 21:45 часот.

Во нападот биле нејзиниот малолетен син и негови двајца другари, а според пријавеното, дел од напаѓачите им биле познати.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.