Скопската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички нападнал двегодишно дете во двор од семејна куќа.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 13 јуни околу 19 часот.

„На 13.06.2026 во 19:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.А.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава затоа што околу 19:00 часот во двор од семејна куќа физички нападнал двегодишно дете“, соопшти МВР.

Засега не се објавени повеќе информации за состојбата на детето, ниту за мотивите и околностите под кои дошло до инцидентот.

The post НАПАДНАЛ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО ДВОР ОД КУЌА Скопјанец уапсен кратко по пријавата appeared first on plusinfo.mk.