Полицијата го лиши од слобода 24-годишниот К.К. од Скопје, кој е осомничен дека оштетил 11 гробни места на Градските гробишта Бутел.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека лицето било приведено вчера во 17:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.Според информациите од МВР, на 12 јуни во 17:00 часот вработен во Градските гробишта Бутел пријавил дека го забележал К.К. како со метален предмет оштетува гробни места, по што избегал од местото.По преземени оперативни мерки и активности, полициските службеници го пронашле и го привеле осомничениот во полициска станица.„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.Случајот предизвика реакции во јавноста откако беше објавено дека се оштетени вкупно 11 гробни места на гробиштата во Бутел.Млад скопјанец е лицето кое демолираше 11 гробови во Бутел, полицијата го уапси
Полицијата го лиши од слобода 24-годишниот К.К. од Скопје, кој е осомничен дека оштетил 11 гробни места на Градските гробишта Бутел.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека лицето било приведено вчера во 17:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.Според информациите од МВР, на 12 јуни во 17:00 часот вработен во Градските гробишта Бутел пријавил дека го забележал К.К. како со метален предмет оштетува...
Полицијата го лиши од слобода 24-годишниот К.К. од Скопје, кој е осомничен дека оштетил 11 гробни места на Градските гробишта Бутел.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека лицето било приведено вчера во 17:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.Според информациите од МВР, на 12 јуни во 17:00 часот вработен во Градските гробишта Бутел пријавил дека го забележал К.К. како со метален предмет оштетува гробни места, по што избегал од местото.По преземени оперативни мерки и активности, полициските службеници го пронашле и го привеле осомничениот во полициска станица.„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.Случајот предизвика реакции во јавноста откако беше објавено дека се оштетени вкупно 11 гробни места на гробиштата во Бутел.