Полициски службеници од СВР Скопје привеле 31-годишен скопјанец, откако било пријавено дека физички нападнал двегодишно дете.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни 2026 година во 19:15 часот во Скопје бил приведен М.А. (31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава.Според пријавеното, околу 19:00 часот во двор од семејна куќа тој физички нападнал двегодишно дете.Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.