Ангелов: Најалармантна е состојбата со пожарот кај Баница и Водоча

На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. Пожарот во атарите на селата Баница и Водоча се заканува на куќите од првиот ред. На терен се пожарникарите од Струмица, а побарана е итна помош и од противпожарните екипи од Валандово и Радов...

пред 2 месеци | 3
strumicanet.com

Ангелов: Најалармантна е состојбата со пожарот кај Баница и Водоча


Сподели преку

Две жени спасени од опожарена куќа кај Баница

Пожарот што избувна на потегот меѓу Баница и Водоча, кај месноста Софилар, во моментов е активен во реонот на селото Баница, според движењето на ветерот. Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, не информира дека огнот зафатил една куќа, од која пожарникарите спасиле две жени. Тие не се повредени, но поради вдишување чад, со екипа на Итната медицинска помош биле пренесени во струмичката болница. Голем пожар меѓу Баница, Водоча, Софилар – на терен сите расположливи противпожарни сили   The...

пред 2 месеци | 3
strumicanet.com

Две жени спасени од опожарена куќа кај Баница


Сподели преку

Голем пожар меѓу Баница, Водоча, Софилар – на терен сите расположливи противпожарни сили

Голем пожар избувна денеска на потегот меѓу Баница, Водоча, Софилар, кај Струмица. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, на терен се испратени сите расположливи противпожарни возила и пожарникари од Струмица. Поради сериозноста на пожарот, на помош се повикани и противпожарни екипи и возила од Валандово и Радовиш, како и од Доброволното противпожарно друштво Василево. Пожарникарите се на терен и во тек е интервенција за локализирање и гаснење на огнот. The post Голем пожар меѓу Б...

пред 2 месеци | 3
strumicanet.com

Голем пожар меѓу Баница, Водоча, Софилар – на терен сите расположливи противпожарни сили


Сподели преку

Пожар зафатил помошен објект на улицата „Климент Охридски“ во Струмица

Вчера околу 17:30 часот избувнал пожар во помошен објект на улицата „Климент Охридски“ во Струмица. Како што информираат од СВР Струмица, пожарот зафатил помошен објект сопственост на А.М. На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, која го изгаснала пожарот. Повредени лица нема, а на местото бил извршен увид. The post Пожар зафатил помошен објект на улицата „Климент Охридски“ во Струмица appeared first on Radio StrumicaNet.

пред 2 месеци | 3
strumicanet.com

Пожар зафатил помошен објект на улицата „Климент Охридски“ во Струмица


Сподели преку

30-годишник тешко повреден откако со „БМВ“ излетал од патот Струмица–Валандово

Вчера попладне, во 15:25 часот, на регионалниот пат Струмица–Валандово се случила сообраќајна незгода во која тешко е повреден 30-годишен жител на струмичко Раборци. Според информациите од СВР Струмица, патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.В.(30) од село Раборци, излетало од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ Општа болница Струмица. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица. The post 30-годишн...

пред 2 месеци | 2
strumicanet.com

30-годишник тешко повреден откако со „БМВ“ излетал од патот Струмица–Валандово


Сподели преку

Општина Струмица го прекрои буџетот: повеќе пари за водовод, урбанизам и јавни претпријатија, кратења во повеќе програми

Советот на општина Струмица на денешната 14-та седница, со мнозинство гласови ги усвои измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Струмица за 2026 година, со кои се врши прераспределба на средствата меѓу повеќе општински програми. Со ребалансот, вкупниот Буџет на Општина Струмица за 2026 година се намалува за 4.063.233 денари, од досегашните 1.738.486.081 на 1.734.422.848 денари. Основниот буџет, пак, се намалува за 903.233 денари и ќе изнесува 821.588.283 денари. Меѓу позначајните зголемува...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Општина Струмица го прекрои буџетот: повеќе пари за водовод, урбанизам и јавни претпријатија, кратења во повеќе програми


Сподели преку

По повеќе од 25 години Струмица ќе добие нов озонатор за Филтер станицата вреден 30 милиони денари

По повеќе од 25 години, Општина Струмица ќе набави нов озонатор за Филтер станицата, со цел подобрување на квалитетот на водата за пиење. Вредноста на инвестицијата изнесува 30 милиони денари, а средствата се обезбедени со измените и дополнувањата на општинскиот Буџет за 2026 година, усвоени на денешната 14-та седница на Советот на општина Струмица. Набавката се реализира по иницијатива на градоначалникот Петар Јанков, преку ЈПКД „Комуналец“ Струмица. Според најавите, новиот озонатор треба да би...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

По повеќе од 25 години Струмица ќе добие нов озонатор за Филтер станицата вреден 30 милиони денари


Сподели преку

Дел од Струмица денеска без струја до 15:30 часот

Поради планирани активности во електродистрибутивната мрежа, денеска, 20 август (четврток), во периодот од 09:00 до 15:30 часот без електрична енергија ќе биде дел од градот Струмица. Прекинот ќе ги опфати дел од корисниците на улиците „Јанко Цветинов“, „Жртви на фашизмот“ и „Браќа Миладинови“, како и градинката „Детска радост“ – клон 4, Џајми, Железара „Икарус“, „Еснаф“ и дел од корисниците кај пазарот „Чешел“. The post Дел од Струмица денеска без струја до 15:30 часот appeared first on Radio S...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Дел од Струмица денеска без струја до 15:30 часот


Сподели преку

Дел од Муртино денеска без електрична енергија

Поради планирани активности на нисконапонската мрежа, денеска, 20 август (четврток), од 08:30 до 14.30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во селото Муртино. Според известувањето од ЕВН – КЕЦ Струмица, прекинот ќе ги опфати корисниците лоцирани на влезот во Муртино од правец на селото Робово. The post Дел од Муртино денеска без електрична енергија appeared first on Radio StrumicaNet.

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Дел од Муртино денеска без електрична енергија


Сподели преку

Советот на општина Струмица утре на седница со 69 точки – ребаланс на Буџетот, промени во училиштата и нови цени за комунални и паркинг услуги

Советот на општина Струмица утре, 20 август, ќе ја одржи 14-тата седница, на која пред советниците е обемен дневен ред со вкупно 69 точки. Седницата ќе започне во 10:00 часот. Меѓу позначајните точки е кварталниот извештај за извршување на општинскиот Буџет за вториот квартал од годинава, како и предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на Општина Струмица за 2026 година. Со ребалансот се предлагаат и измени на повеќе општински програми, меѓу кои за образование, уредување на градежно з...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Советот на општина Струмица утре на седница со 69 точки – ребаланс на Буџетот, промени во училиштата и нови цени за комунални и паркинг услуги


Сподели преку

Се осветлува детското фудбалско игралиште во Струмица

Во Струмица започна монтажата на рефлекторите на детското фудбалско игралиште кое се наоѓа во спортскиот комплекс до големиот градски парк, со што наскоро ќе се овозможат тренинзи и рекреација и во ноќните часови. Иницијативата за осветлување на спортските терени е на градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, а проектот се реализира во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица. Откако претходно беа поставени столбовите, започна и монтажата на све...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Се осветлува детското фудбалско игралиште во Струмица


Сподели преку

Западнонилската треска однесе четири животи – регистрирани 38 случаи во земјава

Заклучно со 18 август, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска, од кои 36 се потврдени, а два се водат како веројатни, покажуваат последните податоци на Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број заболени, 37 се од Скопскиот регион, а еден случај е регистриран во Велес. Меѓу заболените има 28 мажи и 10 жени. Регистрирани се и четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за мажи на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализира...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Западнонилската треска однесе четири животи – регистрирани 38 случаи во земјава


Сподели преку

Во Гевгелија приведен 28-годишен струмичанец баран по потерница по бегство од затвор

Синоќа во 01:20 часот во Полициската станица Гевгелија е приведен А.М.(28) од Струмица. Тој бил баран по потерница поради бегство од затвор, каде издржувал затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување уште 10 месеци. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа „Затвор Идризово“ за доиздржување на казната. The post Во Гевгелија приведен 28-годишен струмичанец баран по потерница по бегство од затвор appeared first on Radio StrumicaNe...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Во Гевгелија приведен 28-годишен струмичанец баран по потерница по бегство од затвор


Сподели преку

Гоце Арнаудов денеска ќе полнеше 72 години – песните на струмичката легенда живеат и понатаму

Ако беше жив, легендата на македонската песна Гоце Арнаудов денеска ќе го прославеше својот 72. роденден. Гоце, кој уште од најмладите години ја започна својата музичка приказна, до своето прерано заминување од овој свет пред 15 години испиша бројни успешни страници во музичката историја на Струмица и Македонија. Со својот препознатлив глас, искрена интерпретација и песни што останаа да живеат меѓу народот, тој остави неизбришлива трага во македонската музика. Ѕвездениот град Струмица имаше свој...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Гоце Арнаудов денеска ќе полнеше 72 години – песните на струмичката легенда живеат и понатаму


Сподели преку

Денеска е Преображение Господово

Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ, така што во целокупното празнување на овој празник следиме повеќе слоеви на народната култура. Според народното верување тогаш за прв пат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Во краишта каде што нема грозје се осветуваат други плодови како јабол...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Денеска е Преображение Господово


Сподели преку

Светските диџеј-легенди Paul van Dyk и Paul Oakenfold ја разиграа Струмица до доцна во ноќта

Светските ѕвезди на електронската музика Paul van Dyk и Paul Oakenfold синоќа настапија во Струмица, приредувајќи голема електронска музичка вечер за струмичката публика. Настанот беше дел од програмата со која се одбележуваат 35 години од независноста на Македонија, а влезот за посетителите беше бесплатен. Вечерта започна со настапот на Игор Циге, по што зад пултот застана легендарниот британски диџеј Paul Oakenfold, а музичката програма ја продолжи германската светска транс-ѕвезда Paul van Dyk...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Светските диџеј-легенди Paul van Dyk и Paul Oakenfold ја разиграа Струмица до доцна во ноќта


Сподели преку

Поради дефект, без вода жителите на улица „Неретва“ во Струмица

ЈПКД „Комуналец“ Струмица информира дека поради дефект на водоводната мрежа, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на улица „Неретва“. Прекинот ќе трае од 08:00 до 12:00 часот. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 13-110. The post Поради дефект, без вода жителите на улица „Неретва“ во Струмица appeared first on Radio StrumicaNet.

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Поради дефект, без вода жителите на улица „Неретва“ во Струмица


Сподели преку

25-годишен струмичанец приведен со марихуана и екстази

Синоќа во 21:00 часот, на магистралниот пат Струмица–Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 25-годишниот Д.М. од Струмица. Според информациите од полицијата, при преглед на патничко возило „Поло“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Д.М., тој од возилото извадил и предал пакување со марихуана и четири таблети екстази. За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодве...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

25-годишен струмичанец приведен со марихуана и екстази


Сподели преку

57-годишен жител на Баница приведен по агресивно однесување кон општински инспектори

Вчера во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 57-годишниот Н.Д. од селото Баница. Според информациите од полицијата, околу 17:50 часот на улицата „Мајка Тереза“ во Струмица, тој агресивно се однесувал кон инспектори вработени во Општина Струмица, кои во моментот преземале службени дејствија. Н.Д. бил приведен во 18:55 часот и задржан во Полициската станица Струмица. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно докум...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

57-годишен жител на Баница приведен по агресивно однесување кон општински инспектори


Сподели преку

Оддадена почит на Петте струмички студенти на местото на нивното убиство на планината Беласица

Во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица денеска се одржа марш на планината Беласица, до местото каде во 1951 година биле убиени петте струмички студенти. Во маршот учествуваа претставници на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица и на Унијата на млади сили, меѓу кои претседателот на УМС, Тодор Конески, генералниот секретар Дамјан Коњановски, потпретседателите Тијана Тесалоника Шишкоска и Стојан Пандов, како и членови на Извршниот комитет на УМС. Пред спомен-обележјето беше положено свежо ц...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Оддадена почит на Петте струмички студенти на местото на нивното убиство на планината Беласица


Сподели преку

Утре планирани прекини на струјата во Секирник и Турново

Поради планирани зафати на нисконапонската мрежа, утре, 17 август 2026 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во селата Секирник и Турново, информираат од ЕВН – КЕЦ Струмица. Во Секирник, прекинот е планиран во периодот од 09:00 до 11:00 часот, а ќе бидат опфатени корисниците лоцирани покрај магистралниот пат кон Ново Село – Турново. Во Турново, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на излезот од селото кон Иловица, во периодот од 09:30 до 13:30...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Утре планирани прекини на струјата во Секирник и Турново


Сподели преку

„Синтезис“, „Мизар“ и „Меморија“ приредија незаборавна музичка вечер во Струмица

Синоќа во Струмица се одржа големиот концерт на познатите македонски музички бендови „Синтезис“, „Мизар“ и „Меморија“, организиран во рамки на одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија. Струмичани имаа можност во една вечер да проследат три различни музички изрази и да уживаат во препознатливите песни и композиции на составите кои со децении оставаат значајна трага на македонската музичка сцена. Вечерва уште еден концерт во рамките на јубилејот – 35 години независност на Македони...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

„Синтезис“, „Мизар“ и „Меморија“ приредија незаборавна музичка вечер во Струмица


Сподели преку

„Комуналец“: Темелно исчистен плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица

Екипите на ЈПКД „Комуналец“ Струмица денеска извршија темелно миење на подната површина на плоштадот „Гоце Делчев“. Покрај секојдневното метење и редовното одржување, плоштадот повремено се подложува и на длабинско чистење со цел отстранување на наслагите кои не можат да се отстранат со вообичаеното чистење. Од „Комуналец“ посочуваат дека со ваквите активности се придонесува централниот градски простор да го задржи уредниот и чист изглед. The post „Комуналец“: Темелно исчистен плоштадот „Гоце Де...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

„Комуналец“: Темелно исчистен плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица


Сподели преку

Двајца 27-годишници од Банско приведени во Струмица, кај едниот пронајдена марихуана

Синоќа во 23:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода М.Д.(27) и Џ.И.(27), двајцата од струмичкото село Банско. Според информациите од полицијата, при извршен преглед кај Џ.И. била пронајдена марихуана. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. The post Двајца 27-годишници од Банско приведени во Струмица, кај едниот пронајдена марихуана appe...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Двајца 27-годишници од Банско приведени во Струмица, кај едниот пронајдена марихуана


Сподели преку