Владимир Ристов на студиска посета во Полска: Фокус на локалната демократија и вклучувањето на младите

Членот на Советот на општина Струмица, Владимир Ристов, од 2 до 5 септември учествуваше на регионална студиска посета во Полска, која се одржа во Варшава и Лублин. Во текот на посетата, учесниците се запознаа со работата на полските институции и локални самоуправи, како и со практиките за вклучување на граѓаните и младите во процесите на донесување одлуки. Беа презентирани модели на партиципативно буџетирање во училиштата, функционирањето на младинските центри и механизмите за учество на граѓани...

пред 2 месеци | 0
strumicanet.com

Владимир Ристов на студиска посета во Полска: Фокус на локалната демократија и вклучувањето на младите


Сподели преку

Тешко повреден 69-годишен маж, откако бил удрен од автомобил

Шеесет и деветгодишен пешак е тешко повреден откако бил удрен од автомобил на улицата „Браќа Миладинови“ во Струмица. Според информациите од СВР Струмица, сообраќајната незгода се случила вчера, кога патничко возило „Шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 74-годишен жител на Струмица, удрило во пешакот Т.К.(69), исто така од Струмица. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во струмичката болница. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица...

пред 2 месеци | 0
strumicanet.com

Тешко повреден 69-годишен маж, откако бил удрен од автомобил


Сподели преку

Струмица денеска ќе маршира за Џоко: Спомен-обележје и концерт за жртвите од „Пулс

Во Големиот градски парк во Струмица денеска ќе биде откриено спомен-обележје во чест на младиот струмички музичар Џоко Ѓоргиев и во сеќавање на 64-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Одбележувањето ќе започне во 17:30 часот со „Марш на сеќавањето“. Учесниците ќе тргнат од пекарницата „Бејкер“, во близина на „Бурињата“, а ќе се движат по булеварите „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“, плоштадот, преку струмичкото корзо, до Градскиот парк и местото на кое е поставено спомен-обележјето....

пред 2 месеци | 0
strumicanet.com

Струмица денеска ќе маршира за Џоко: Спомен-обележје и концерт за жртвите од „Пулс


Сподели преку

Отворен повик за жени од Југоисточниот регион за обуки и поддршка на зелени иницијативи

Македонски Каритас објави јавен повик за жени од Југоисточниот регион на Македонија за учество во програма која опфаќа четири еднодневни обуки посветени на женското лидерство, заштитата на животната средина и развојот на зелени иницијативи во локалните заедници. Повикот е отворен за индивидуални учеснички и за претставнички на граѓански организации од општините Богданци, Босилово, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село и Струмица. Бројот на учеснички е ограничен. Програмата има цел да ги зајакн...

пред 2 месеци | 0
strumicanet.com

Отворен повик за жени од Југоисточниот регион за обуки и поддршка на зелени иницијативи


Сподели преку

Општина Василево најотворена општина во Струмичкиот регион, Општина Ново Село со најнизок резултат

Општина Василево е најдобро рангирана од четирите општини во Струмичкиот регион според Индексот на отвореност за 2026 година, додека најнизок резултат има Општина Ново Село, покажува истражувањето на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Општина Василево исполнило 54 отсто од индикаторите и се наоѓа на 11. место на ранг-листата на единиците на локалната самоуправа во државата. Тоа е единствената општина од Струмичкиот регион со резултат повисок од 50 отсто. Општина Струмица, со исп...

пред 2 месеци | 0
strumicanet.com

Општина Василево најотворена општина во Струмичкиот регион, Општина Ново Село со најнизок резултат


Сподели преку

Кривични пријави против фирма и две лица од Струмица: Одземени 597.500 евра, се истражуваат даночно затајување, лихварство и перење пари

СВР Струмица поднесе кривична пријава против едно правно и две физички лица од општина Струмица поради сомнение за даночно затајување, лихварство и перење пари. Случајот денеска на прес-конференција во Струмица го презентираше директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во присуство на претставници на Финансиската полиција и Јавното обвинителство. Според МВР, пријавените во 2025 година прикажале помала даночна основа, со што не биле платени данок на добивка и данок на личен доход...

пред 2 месеци | 0
strumicanet.com

Кривични пријави против фирма и две лица од Струмица: Одземени 597.500 евра, се истражуваат даночно затајување, лихварство и перење пари


Сподели преку

Започнаа подготовките за поставување нов озонатор во Филтер-станицата во Струмица

ЈПКД „Комуналец“ Струмица го започна процесот на планирање и подготовка за поставување нов озонатор во Филтер-станицата, каде што се пречистува водата за пиење за градот и населените места. Постојната опрема била поставена во 1999 година и нејзиниот работен век е при крај. Новиот озонатор ќе има капацитет од 2,2 килограми озон на час и треба да овозможи поефикасно пречистување, подобар квалитет на водата за пиење и помала потрошувачка на електрична енергија. Од јавното претпријатие информираат д...

пред 2 месеци | 0
strumicanet.com

Започнаа подготовките за поставување нов озонатор во Филтер-станицата во Струмица


Сподели преку

Струмица добива нови комунални возила преку проект финансиран од Светска банка

Општина Струмица ќе добие нови комунални возила во рамките на проект финансиран од Светска банка, кој се реализира преку Владата и Министерството за транспорт и врски. Станува збор за електрично возило кое што треба да помогне за метeње на улиците, како и цистерна за перење и миење на улици која може да се користи и за други цели. Возилата наскоро ќе станат дел од возниот парк што се користи за одржување на јавната чистота во градот. „Ова е конкретна поддршка за подобра комунална хигиена, поефик...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Струмица добива нови комунални возила преку проект финансиран од Светска банка


Сподели преку

Поставени нови клупи пред ГТЦ „Глобал“ во Струмица

Екипите на ЈПКД „Комуналец“ денеска поставија нови клупи на просторот пред Градскиот трговски центар „Глобал“ во Струмица. Станува збор за една од најфреквентните локации во центарот на градот, низ која секојдневно поминуваат и се задржуваат голем број граѓани. Новопоставените клупи ќе им овозможат простор за краток одмор и средби. Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица најавија дека поставувањето и обновувањето на клупите и другата урбана опрема ќе продолжи и на други локации во Струмица. The post Постав...

пред 2 месеци | 0
strumicanet.com

Поставени нови клупи пред ГТЦ „Глобал“ во Струмица


Сподели преку

Приведен 48-годишен струмичанец, при претрес во неговиот дом пронајдена марихуана

Полициски службеници од СВР Струмица синоќа го лишиле од слобода Г.М.(48) од Струмица, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана. Како што информираат од полицијата, претресот бил извршен со судска наредба, а лицето било приведено околу 22:55 часот. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосното документирање на случајот, против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок. The post Приведен 48-годишен струмичанец, при претрес во н...

пред 2 месеци | 0
strumicanet.com

Приведен 48-годишен струмичанец, при претрес во неговиот дом пронајдена марихуана


Сподели преку

Привремено изменета автобуската линија Струмица – Вељуса поради градежни работи

Поради затворањето на патниот правец Струмица – Вељуса и изведувањето градежни активности на потпорен ѕид, привремено ќе биде изменета трасата на автобусот на релацијата Струмица – Вељуса – Струмица, информираат од ЈСП „Струмица-Транспорт“. Додека траат градежните работи, автобусот ќе сообраќа по алтернативна траса преку селата Градашорци и Ангелци. Измената е воведена за да се обезбеди непречено одвивање на јавниот превоз, а особено учениците навреме да пристигнуваат на училиште. Од претпријати...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Привремено изменета автобуската линија Струмица – Вељуса поради градежни работи


Сподели преку

„Комуналец“ со сите расположливи екипи на терен по невремето во Струмица

Екипите на ЈПКД „Комуналец“ Струмица во текот на вчерашниот ден и ноќта интервенираа на повеќе локации низ градот по силното невреме, проследено со обилни врнежи и силен ветер. Поплавени објекти биле пријавени на повеќе улици, а меѓу најпогодените биле улиците „Младинска“ и „Ленинова“. Силниот ветер предизвикал кршење и паѓање гранки, додека на излезот од Струмица кон Вељуса паднал и потпорен ѕид. Интервенција била потребна и во просторот под плоштадот „Гоце Делчев“, каде што се насобрала поголе...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

„Комуналец“ со сите расположливи екипи на терен по невремето во Струмица


Сподели преку

Вчера во Струмица наврнаа 50 литри дожд на квадратен метар

Во Струмица во изминатите 24 часа биле измерени 50 литри дожд на квадратен метар, што е втора најголема количина воден талог регистрирана во земјава. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најмногу дожд наврнало во Амзабегово, Светиниколско – 88 литри на квадратен метар. По Струмица следуваат Градско со 29 литри, Кавадарци и Бовин со по 26, Радовиш со 23, Коџалија со 18 и Штип со 13 литри на квадратен метар. Во Берово, Ѓуриште и Демир Хисар биле измерени по 10, а во Во...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Вчера во Струмица наврнаа 50 литри дожд на квадратен метар


Сподели преку

Силно невреме ја погоди Струмица: Поплавени улици и дворови, екипите на терен

Струмица и Струмичкиот регион безмалку еден час беа зафатени од силно невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силни налети на ветер и грмежи. Поголемо количество вода се насобра на повеќе улици во градот, а силниот ветер собори и неколку дрвја, се сруши и потпорен ѕид кој оштети автомобили. Екипите на ЈПКД „Комуналец“ и Територијалната противпожарна единица – Струмица се на терен и интервенираат на повеќе локации. Интервенции се вршат на улиците „Младинска“, „Крушевска Република“, „Климен...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Силно невреме ја погоди Струмица: Поплавени улици и дворови, екипите на терен


Сподели преку

Подземната гаража под плоштадот „Гоце Делчев“ од утре преминува на зонско паркирање

Подземната гаража под плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица од утре, четврток, 3 септември, ќе функционира по принципот на зонско паркирање, информираат од ЈП „Паркиралишта Струмица“. Со новиот начин на работа, рампите на влезот и излезот ќе бидат ставени надвор од функција, со цел да се овозможи побрз и поедноставен пристап. Наплатата и контролата ќе се вршат согласно со правилата за зонско паркирање. Гаражата ќе работи секој ден од 07:00 до 00:00 часот, а цената ќе изнесува 50 денари за секој за...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Подземната гаража под плоштадот „Гоце Делчев“ од утре преминува на зонско паркирање


Сподели преку

УХМР: Невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи во Струмица

Нестабилна воздушна маса проследена со пороен дожд, засилен ветер и грмежи ја зафати Струмица, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Нестабилност е регистрирана и источно од Берово, како и југозападно од Кичево. Граѓаните се повикуваат на внимателност, особено при движење на отворен простор. The post УХМР: Невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи во Струмица appeared first on Radio StrumicaNet.

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

УХМР: Невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи во Струмица


Сподели преку

Прекин на водоснабдувањето на улицата „Цветан Димов“ во Струмица

Настанат е дефект на водоводната мрежа на улицата „Цветан Димов“, кон затворот во Струмица. Екипи на ЈПКД „Комуналец“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува до 13:0 часот, денеска, среда 2 септември, информираат од комуналното претпријатие. The post Прекин на водоснабдувањето на улицата „Цветан Димов“ во Струмица appeared first on Radio StrumicaNet.

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Прекин на водоснабдувањето на улицата „Цветан Димов“ во Струмица


Сподели преку

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица започна акција за ажурирање на членството и прием на нови членови

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица започна акција за ажурирање на партиското членство и зачленување нови членови, соопшти претседателот, Методија Пасков. Пасков изрази благодарност за, како што наведе, масовниот одзив и посветеноста на партиските структури, нагласувајќи дека вратите на Општинскиот комитет се отворени за сите граѓани што сакаат да се приклучат. Според него, постапката за зачленување е модернизирана и дигитализирана, со цел да им се овозможи поедноставен пристап на заин...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица започна акција за ажурирање на членството и прием на нови членови


Сподели преку

Стихови од струмичанецот Никола Маџиров објавени во престижното француско списание „Европа“

Стихови од македонскиот поет Никола Маџиров се објавени на француски јазик во „Европа“ (Europe), едно од најстарите европски списанија за литература. Списанието е основано во Франција во 1923 година, под покровителство на нобеловецот Ромен Ролан. Циклусот од шест песни, насловен „Сенките нѐ одминуваат“, е објавен во 1.165-тиот број на списанието, кој е посветен на англиската писателка Џејн Остин. Препевот на песните на француски јазик е дело на преведувачката Жули Нис. Во кусиот осврт посветен н...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Стихови од струмичанецот Никола Маџиров објавени во престижното француско списание „Европа“


Сподели преку

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица донираше училишен прибор за ученици

По повод 1 Септември и почетокот на новата учебна година, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица организираше собирна акција преку која беа подготвени пакети со училишен прибор за ученици на кои им е потребна поддршка. Од партискиот комитет на учениците им посакаа успешно започнување на учебната година, среќно детство и многу успеси во образованието. „Бидете радосни – иднината е пред вас. Ние секогаш ќе бидеме ваши најголеми поддржувачи и соработници“, порачаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица, посо...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица донираше училишен прибор за ученици


Сподели преку

39-годишен струмичанец пронајден починат во дворот на Клиничката болница во Битола

Триесет и деветгодишен жител на Струмица вчера бил пронајден починат во дворот на Клиничката болница во Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен во СВР Битола на 31 август, околу 12:15 часот, откако во болничкиот двор било забележано телото на мажот. „Смртта на Ј.И.(39) од Струмица ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција“, информираа од МВР. Увид на местото извршила екипа...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

39-годишен струмичанец пронајден починат во дворот на Клиничката болница во Битола


Сподели преку

СТЕФАН Е ЕДИНСТВЕНОТО ПРВАЧЕ ВО ВЕЉУСА – Првиот училишен ден го започна со ранец полн со подароци од градоначалникот Јанков

Стефан е единственото прваче кое денеска го започна своето основно образование во подрачното училиште „Сандо Масев“ во селото Вељуса, до вчера ООУ „Гоце Делчев“. На неговиот прв училиштен ден му посакаа добредојде наставниците, родителите и градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков. Градоначалникот му подари училишен ранец со комплетен училиштен прибор, тетратки и други потребни материјали, посакувајќи му среќен почеток, многу знаење и успеси. „Секоја промена носи емоции, особено кога ст...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

СТЕФАН Е ЕДИНСТВЕНОТО ПРВАЧЕ ВО ВЕЉУСА – Првиот училишен ден го започна со ранец полн со подароци од градоначалникот Јанков


Сподели преку

Нова учебна година во Струмица: 415 првачиња за првпат во училишните клупи, 70 помалку од лани

Денеска започнува новата учебна 2026/2027 година. На територијата на општина Струмица, 415 првачиња за првпат ќе седнат во училишните клупи и ќе го започнат својот образовен пат. Според првичните податоци, годинава се запишани 70 првачиња помалку во споредба со минатата учебна година, кога биле 485. Сепак, од Општина Струмица очекуваат во текот на септември бројката да се зголеми за уште триесетина ученици. Оваа година ќе изостане централниот настан за добредојде на првачињата, кој во минатото с...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

Нова учебна година во Струмица: 415 првачиња за првпат во училишните клупи, 70 помалку од лани


Сподели преку

104 години фудбалска гордост: фк „беласица“ им оддаде почит на клупските легенди

Фудбалскиот клуб „Беласица“ од Струмица вчера одбележа 104 години од своето основање – повеќе од еден век исполнет со богата фудбалска историја, големи успеси и генерации играчи кои оставиле неизбришлива трага во сино-белиот дрес. Во рамките на свеченоста беше промовирана веб-страницата belasicahistory.mk, посветена на историјата на струмичката фудбалска гордост. Страницата ја презентираше Аце Стојанов, кој е и уредник на содржините. На веб-страницата се обработени сите сезони на „Беласица“, од...

пред 2 месеци | 1
strumicanet.com

104 години фудбалска гордост: фк „беласица“ им оддаде почит на клупските легенди


Сподели преку