Загина 59-годишен гостиварец откако со автомобил удрил во бетонски ѕид во Долна Бањица

59-годишен жител на Гостивар го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила во селото Долна Бањица.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 17 октомври 2026 година, во 22:55 часот, во ОВР Гостивар. Патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М. (59) од Гостивар, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид.Во 23 часот, дежурен лекар ја констатирал смртта на возачот. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукци

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Загина 59-годишен гостиварец откако со автомобил удрил во бетонски ѕид во Долна Бањица


Сподели преку

73-годишен маж осомничен за силување на 75-годишна жена

73-годишен жител на Крива Паланка се соочува со кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“.Како што информираат од МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела пријава против Д.Т. (73).Според пријавата, на 6 октомври 2026 година, во село во кривопаланечкиот регион, тој извршил обљуба врз 75-годишна жителка на селото.

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

73-годишен маж осомничен за силување на 75-годишна жена


Сподели преку

Рама тврди дека протестите во Тирана не се само израз на незадоволство, туку обид за дестабилизација од Русија и Иран

Албанскиот премиер Еди Рама предупреди дека насилните протести во Тирана може да ја загрозат европската перспектива на земјата и нејзината цел за членство во Европската Унија до 2030 година. Тој ги осуди нападите врз полицијата и ги обвини организаторите дека намерно поттикнуваат дестабилизација.За време на повеќедневните протести, демонстрантите фрлале камења, метални предмети и молотови коктели кон полициските сили. Рама ги нарече маскираните лица што поттикнуваат насилство криминалци, но нагл

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Рама тврди дека протестите во Тирана не се само израз на незадоволство, туку обид за дестабилизација од Русија и Иран


Сподели преку

(Видео) Протести поради високите цени во Италија: Летаа експлозивни направи, полицијата употреби солзавец

Протестите поради високите трошоци за живот, цените на горивата и даночниот товар во Италија прераснаа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Најсериозна била ситуацијата во Милано, каде што стотици маскирани млади луѓе го зазеле централниот плоштад „Пјаца дел Дуомо“, принудувајќи ги полициските сили привремено да се повлечат.Според италијанската новинска агенција АНСА, судири биле пријавени и во Торино, Болоња и Бергамо.За време на немирите во Милано, демонстрантите облечени во црн

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

(Видео) Протести поради високите цени во Италија: Летаа експлозивни направи, полицијата употреби солзавец


Сподели преку

Крвав напад во стан во Карпош: Двајца Турци повредени со остар предмет, двајца уапсени, трет се бара

Двајца турски државјани се уапсени во Скопје под сомнение за обид за убиство на двајца нивни сонародници во стан на подрачјето на Карпош. Полицијата трага по уште едно лице, исто така од Турција, за кое постои сомнение дека учествувало во нападот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничените К.М. (36) и С.Б.П. (22), заедно со трето лице, физички нападнале двајца 26-годишни турски државјани и им нанеле повреди со остар предмет.Во моментот на нападот во станот се наоѓале

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Крвав напад во стан во Карпош: Двајца Турци повредени со остар предмет, двајца уапсени, трет се бара


Сподели преку

Руски дизел ќе пристигне во САД за 15 до 20 дена по потпишувањето на договорите

Рускиот дизел би можел да пристигне на американскиот пазар во рок од 15 до 20 дена по потпишувањето на договорите, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак. Тој посочи дека испораките до географски поблиските земји ќе се реализираат за пократко време.Во изјава за агенцијата „Вести“, Новак рече дека во тек се преговори за комерцијалните услови и дека договорите се во завршна фаза. Испораките ќе започнат откако документите ќе бидат потпишани.Според него, рускиот претседател Владимир Путин и аме

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Руски дизел ќе пристигне во САД за 15 до 20 дена по потпишувањето на договорите


Сподели преку

Папата Лав XIV првпат во јавноста по операцијата на белите дробови

Папата Лав XIV се појави во јавноста пет дена по операцијата на белите дробови, обраќајќи им се на верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.Од прозорецот на Апостолската палата, насмеан и со јасен глас, поглаварот на Римокатоличката црква им се обрати на насобраните верници, пренесува „Ројтерс“. Тој самостојно, без ничија помош, пристигна до прозорецот и го одржа редовното неделно пладневно обраќање.Во пораката до верниците, папата повика на отфрлање на себичните амбиции и посветено служе

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Папата Лав XIV првпат во јавноста по операцијата на белите дробови


Сподели преку

(Видео) Светскиот шампион во карате Марко Џорлев ја прослави титулата со заслужена торта

Светскиот шампион Марко Џорлев доби слатко изненадување по историскиот успех и освоеното злато на Светското кадетско првенство во карате во Полска.

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

(Видео) Светскиот шампион во карате Марко Џорлев ја прослави титулата со заслужена торта


Сподели преку

Дали летате со американска или европска авиокомпанија? Од тоа зависат вашите права при доцнење на летот

Изборот на авиокомпанија може да биде пресуден за правата што ги имаат патниците кога летот ќе доцни или ќе биде откажан. САД и Европската Унија применуваат различни правила за обврските на авиопревозниците, а од тоа кој го извршува летот може да зависи дали патниците ќе добијат оброци, хотелско сместување или финансиски надоместок.Во САД, од 19 октомври 2026 година, почнува примената на промени со кои на списокот на околности надвор од контролата на авиокомпаниите се додаваат 10 нови ситуации.

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Дали летате со американска или европска авиокомпанија? Од тоа зависат вашите права при доцнење на летот


Сподели преку

(Видео) „СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија“, вели Манасиевски

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција бара надлежните органи да го истражат случајот со Ива Михаилова, обвинувајќи го СДС дека застанал во нејзина одбрана. Валентин Манасиевски изјави дека сомнежите се однесуваат на лекарскиот извештај врз основа на кој, според него, Михаилова го напуштила судскиот процес.Манасиевски тврдеше дека извештајот бил изготвен од докторот Иван Барбов, кого го поврза со Венко Филипче и Зоран Заев. Според него, во документот било

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

(Видео) „СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија“, вели Манасиевски


Сподели преку

Зеленски со порака до Трамп: Русија не презема никакви чекори кон мирот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја доведе во прашање подготвеноста на Русија да ги почитува договорите за енергетско примирје, откако, според неговите тврдења, руските сили 76 пати намерно го нападнале украинскиот енергетски сектор, откако американскиот претседател Доналд Трамп пред една недела објави дека е постигнато примирје.„Само во текот на изминатата ноќ беа регистрирани напади врз трафостаници во областите Виница, Житомир, Хмелницки и Одеса. Десетици илјади семејства и понатаму

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Зеленски со порака до Трамп: Русија не презема никакви чекори кон мирот


Сподели преку

Сиљановска-Давкова се сретна со спелеонуркачите по историскиот подвиг во пештерата Врело

Пештерата Врело во кањонот Матка испиша историја со истражена длабочина од 338 метри, со што стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. За овој значаен успех, учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ја информирале претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата што се одржала вчеравечер.Сиљановска-Давкова им честитала на спелеонуркачите за извонредниот подвиг, оценувајќи дека Врело е природен феномен што го п

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Сиљановска-Давкова се сретна со спелеонуркачите по историскиот подвиг во пештерата Врело


Сподели преку

Загрижувачки раст на самоубиствата во Германија: Минатата година животот си го одзеле 11.334 лица

Бројот на самоубиства во Германија повторно бележи загрижувачки раст, по речиси четири децении во кои беше забележан тренд на опаѓање. Според официјалните податоци за 2025 година, животот си го одзеле 11.334 лица, што е за 964 случаи, односно 9,3 проценти повеќе во споредба со претходната година. Во просек, дневно умираат 28 лица од самоубиство, објави „Дојче веле“.Анализата покажува дека најпогодена група се мажите на возраст од 55 до 65 години, особено оние родени во шеесеттите години од минат

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Загрижувачки раст на самоубиствата во Германија: Минатата година животот си го одзеле 11.334 лица


Сподели преку

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево

Од партијата Левица преку соопштение отвораат нови прашања за кадровските решенија во НУ „Историски музеј“ – Крушево, по скандалот со издавањето на Македониумот за 500 евра за снимање музички спот и оставката на Миха Оџаклиески. Од партијата тврдат дека Даниела Стоиловска, која ја посочуваат како кадар на ЗНАМ, би можела да биде назначена за вршител на должноста директор на музејот.Според информациите што ги изнесува Левица, Стоиловска била вработена во установата на работното место архивар, а п

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево


Сподели преку

Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија во август, најбројни биле гостите од Турција

Македонија во август ја посетиле 244.513 туристи, кои оствариле над 934 илјади ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Позитивните резултати продолжуваат и во првите осум месеци од 2026 година, кога е забележан раст и на бројот на посетители и на ноќевањата во споредба со истиот период лани.Според статистичките податоци објавени на 14 октомври, странските туристи сочинувале 53,6 проценти од вкупниот број посетители во август, додека домашните учествувале со 46,4 процент

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија во август, најбројни биле гостите од Турција


Сподели преку

Насилно отворал прозорци и се обидувал да провали во џамии во Тетово, уапсен 35-годишен маж

Тетовската полиција расчистува случаи на кражби и обиди за тешки кражби во верски објекти во градот. По преземени оперативни мерки, уапсен е 35-годишен жител на селото Јеловјане, кој се сомничи за кривични дела поврзани со кражба и обид за кражба.Според информациите од МВР, на 17 октомври во СВР Тетово биле пријавени три обиди за тешка кражба и една кражба во верски објекти, кои се случиле на 16 октомври.Во верскиот објект „Фирдеус“ на улицата „Ван Вардарска“, во периодот меѓу 16 и 17 октомври,

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Насилно отворал прозорци и се обидувал да провали во џамии во Тетово, уапсен 35-годишен маж


Сподели преку

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на исчезнат 87-годишник покрај река во Пршовце

Тело на 87-годишен жител на тетовското село Пршовце било пронајдено покрај реката Бистрица, во атарот на селото, откако претходно бил пријавен за исчезнат. Лекар констатирал смрт, при што на телото не биле забележани видливи траги на насилство.Според информациите од МВР, на 17 октомври во 12:30 часот, во Полициското одделение Теарце, Џ.А. (41) од Пршовце пријавил дека пронашол тело без знаци на живот покрај реката Бистрица.Полициските службеници веднаш излегле на местото и утврдиле дека станува

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на исчезнат 87-годишник покрај река во Пршовце


Сподели преку

Бугарскиот амбасадор отвори сомнежи за бегството на Ива Михаилова: „Не можам да тврдам, но би бил изненаден“

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков, изјави дека би бил исклучително изненаден доколку македонските власти не знаеле за заминувањето на Ива Михаилова од Македонија, иако нагласи дека нема информации врз основа на кои би можел да тврди дека нејзиното напуштање на државата било однапред договорено.Во интервју за бугарската телевизија bTV, Радуков отвори сомнежи околу начинот на кој Михаилова успеала да ја напушти Македонија, и покрај судските ограничувања, одземените патни исправи и п

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Бугарскиот амбасадор отвори сомнежи за бегството на Ива Михаилова: „Не можам да тврдам, но би бил изненаден“


Сподели преку

(Видео) Калиопи ја обои арената со храброста на хероите, ја натера да полета, па ја испрати со „Бато“: со публиката ги прослави јубилеите

Педесет години на сцената, шест децении живот, преполна арена, безвременски хитови, музички изненадувања и илјадници гласови што пееја заедно со неа. Калиопи приреди концерт за паметење во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, славејќи два големи јубилеја со публиката која ја следи низ генерациите.Вечерта беше исполнета со нејзините најпознати песни, но и со лични приказни, сеќавања и моменти во кои Калиопи ја покажа својата поврзаност со сцената. Во еден од разговорите со публиката откри дека н

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

(Видео) Калиопи ја обои арената со храброста на хероите, ја натера да полета, па ја испрати со „Бато“: со публиката ги прослави јубилеите


Сподели преку

Во Куманово пронајдени автоматска пушка и рачно изработена направа, приведен 18-годишник

Осумнаесетгодишен жител на Куманово бил приведен откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла автоматска пушка, муниција и рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија.Како што информира Министерството за внатрешни работи, Р.Д. бил лишен од слобода на 17 октомври 2026 година, во 19:15 часот, од страна на полициски службеници од СВР Куманово.Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле пронајдени автоматска пушка, рамки за автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаур

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Во Куманово пронајдени автоматска пушка и рачно изработена направа, приведен 18-годишник


Сподели преку

(Видео) Спектакуларно деби на Бобан Илиоски во „Глори 110“, три нокдауни за само 69 секунди

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски на спектакуларен начин го започна настапот во престижната светска организација „Глори“, откако на настанот „Глори 110“ во Антверпен, Белгија, го нокаутираше Мароканецот Ајмане Латифи уште во првата рунда.Илиоски настапи во средна категорија и го совлада фаворизираниот противник, кој пред борбата имаше професионален биланс од 21 победа и четири порази.Македонскиот борец од самиот почеток наметна силно темпо и со прецизни удари трипати го испрати Латифи на подо

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

(Видео) Спектакуларно деби на Бобан Илиоски во „Глори 110“, три нокдауни за само 69 секунди


Сподели преку

Излезноста во Брвеница 2,46 отсто до 9 часот, двојно помала од првиот круг во 2025 година

Мал број избирачи го искористиле своето право на глас во првите часови од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. До 9 часот утринава на гласање излегле 400 граѓани, односно 2,46 отсто од запишаните избирачи, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска.Утринската излезност е двојно помала во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година.Според информациите од ДИК, гласањето се одвива непречено.Право на глас на овие избор

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Излезноста во Брвеница 2,46 отсто до 9 часот, двојно помала од првиот круг во 2025 година


Сподели преку

Со токсична боја ја разубавувале храната во градинка, отруени повеќе од 200 деца и вработени во Кина

Сопственичка на градинка во кинеската покраина Гансу е осудена на доживотен затвор откако повеќе од 200 деца и вработени биле затруени со храна загадена со олово. Затворски казни добиле и петмина други вработени во установата.Ли Хуифанг, која раководела со градинката „Хекси Пеисин“ во градот Тјаншуи, е прогласена за виновна за производство и продажба на токсична и штетна храна. Судот во Ланџоу наредил и конфискација на нејзиниот имот, проценет на 500.000 јуани, односно околу 66.500 евра, објави

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Со токсична боја ја разубавувале храната во градинка, отруени повеќе од 200 деца и вработени во Кина


Сподели преку

Рама тврди дека неутрализирале дрон со експлозив што наводно бил насочен кон владината зграда

Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека пред два дена бил неутрализиран дрон со експлозив, со кој наводно се планирало да биде нападната зградата на албанската влада и да се предизвика пожар во внатрешниот двор.„Пред два дена беше неутрализиран дрон со експлозив, со кој се планираше да се погоди зградата на владата и да се запали внатрешниот двор“, изјави Рама во обраќање во живо на својата страница на Фејсбук.Тој оцени дека ниту еден студент не би помислил да спроведе ваков план и посочи дека за

пред 3 седмици | 0
skopje1.mk

Рама тврди дека неутрализирале дрон со експлозив што наводно бил насочен кон владината зграда


Сподели преку