По денешната вонредна седница на Владата ќе биде појасно дали следува пад на цените на горивата
На денешната вонредна седница Владата ќе ги разгледува мерките поврзани со нафтените деривати, а според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, се очекува намалување на цената на дизел-горивото и стабилизирање на состојбите на домашниот пазар.Мицкоски изјави дека владините анализи, базирани на движењата на светските берзи во текот на втората половина на мај и изминатата недела, покажуваат услови за постепено смирување на цените.– Очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат цените и кај на...