Баерн без својот капитен до 2027 година, Нојер го очекува пауза од два месеца

Баерн Минхен ќе мора да се справи без својот капитен Мануел Нојер до крајот на 2026 година, откако искусниот голман заработи повреда на вчерашниот натпревар против Мајнц во германската Бундеслига.Нојер не го доигра натпреварот, а прегледите покажале дека има делумно кинење на тетивата на стапалото. Според проценките, ќе паузира од шест до 12 недели, што значи дека на терените би можел да се врати дури во 2027 година.Иако во последниот период беше ротиран поради физички проблеми, оваа повреда пре

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Баерн без својот капитен до 2027 година, Нојер го очекува пауза од два месеца


Сподели преку

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Физички напад врз 19-годишно момче бил пријавен во СВР Охрид, а инцидентот се случил во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид.Според информациите од МВР, настанот се случил на 6 ноември, околу 23:40 часот, кога Х. Р. физички го нападнал 19-годишниот Т. Н. Двајцата се жители на Охрид.Нападот бил пријавен на 7 ноември во 9:40 часот, а од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

пред 1 ден | 1
skopje1.mk

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид


Сподели преку

Облачно со локални врнежи, во Скопје максимална температура до 12 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.Минималните температури ќе се движат од 2 до 8 степени, а максималните ќе достигнат од 9 до 14 степени.Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 12 степен

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Облачно со локални врнежи, во Скопје максимална температура до 12 степени


Сподели преку

Дел од Скопје утре без вода и струја: Проверете дали вашата улица е на списокот

На 9 ноември 2026 година (понеделник), поради планирани зафати на водоводната и електричната мрежа, делови од неколку скопски општини ќе останат без вода или електрична енергија.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради работа на водоводната мрежа на улицата „Никола Парапунов“, на раскрсницата со улицата „Разловечка“, од 9 часот до завршување на работите без вода ќе бидат корисниците од тој дел на општина Карпош.Од ЕВН Македонија најавуваат прекини во снабдувањето со електрична енер

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Дел од Скопје утре без вода и струја: Проверете дали вашата улица е на списокот


Сподели преку

Вашингтон бара излез од војната: го повикаа Пекинг да изврши притисок врз Техеран

По политичкиот пораз на домашен терен минатата недела, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара нови дипломатски решенија за завршување на војните во Иран и Украина. Најголем предизвик за Вашингтон во моментов е пронаоѓањето излез од конфликтот со Иран, поради растечкото незадоволство на американската јавност од војната.Иако Трамп се закани со продолжување на воените операции, а министерот за одбрана Пит Хегсет се подготвува за можна ескалација, Вашингтон истовремено се об

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Вашингтон бара излез од војната: го повикаа Пекинг да изврши притисок врз Техеран


Сподели преку

Вандализам на гробишта во Ѓорче Петров: Искршени две мермерни плочи

Случај на вандализам бил пријавен на гробиштата во скопската општина Ѓорче Петров, каде биле искршени две мермерни плочи на гробно место.Според информациите од МВР, на 7 ноември 2026 година, во 16:15 часот, 63-годишниот Ј.С. од Скопје пријавил дека плочите биле оштетени.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Вандализам на гробишта во Ѓорче Петров: Искршени две мермерни плочи


Сподели преку

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Нов бран руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина остави стотици илјади домаќинства без електрична енергија во Днепропетровската и Харковската област.Украинскиот енергетски оператор ДТЕК соопшти дека по ноќните напади, во кои биле оштетени важни енергетски објекти, повеќе од 600.000 жители во централната Днепропетровска област останале без струја. Од компанијата предупредуваат дека повторените напади дополнително ја отежнуваат поправката на електроенергетската мрежа.Во одделен нап

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа


Сподели преку

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од истакнатите македонски торакални хирурзи

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.Веста за неговата смрт ја објави Сашо Клековски, кој истакна дека Спировски оставил длабока трага во македонското здравство со својата долгогодишна работа и посветеност.Во текот на својата кариера им помогнал на голем број пациенти, а како професор пренел знаење, искуство и професионални вредности на генерации млади хирурзи

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од истакнатите македонски торакални хирурзи


Сподели преку

„Ниш-експрес“ по трагедијата во Хрватска: Нема да изнесуваме претпоставки додека трае истрагата

Автобуската компанија „Ниш-експрес“ изрази сочувство на семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа во Хрватска, во која автобус на компанијата се преврте на автопатот А3. Од компанијата велат дека нема да ги коментираат причините и околностите сè додека не заврши официјалната истрага.„По повод тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово во 7:25 часот на патот Белград – Загреб, кај местото Иваниќ-Град, изразуваме најдлабоко сочувство на семејствата на загинатите и искрено жалење

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

„Ниш-експрес“ по трагедијата во Хрватска: Нема да изнесуваме претпоставки додека трае истрагата


Сподели преку

Трагедија кај Сенегал: Потона чамец со мигранти, пронајдени 21 загинат

Најмалку 21 лице го загубило животот откако чамец со мигранти потонал во близина на брегот на Сенегал, соопшти Министерството за внатрешни работи на оваа африканска земја.Според официјалните информации, спасувачките екипи во саботата вечерта пронашле 21 безживотно тело, додека едно лице било спасено. Несреќата се случила во близина на градот Кебемер, околу 180 километри северно од главниот град Дакар.Потрагата и спасувачките операции продолжуваат, бидејќи властите се обидуваат да утврдат дали им

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Трагедија кај Сенегал: Потона чамец со мигранти, пронајдени 21 загинат


Сподели преку

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените, како и до полскиот народ, по нападот во Краков, кој во својата реакција го осуди како терористички чин.Во објава на социјалната мрежа Икс, таа изрази длабока тага поради трагедијата во која загинале невини луѓе, а повеќе лица биле повредени.„Во овие тешки моменти, македонскиот народ стои во целосна солидарност со Полска. Ја споделуваме вашата болка и упатуваме најдлабоко сочувство до сите пого

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков


Сподели преку

(Видео) Светската ѕвезда Емели Санде за првпат во Македонија: Моќен вокал и вечер исполнета со емоции во Скопје

Шкотската музичка ѕвезда Емели Санде синоќа за првпат настапи во Македонија, приредувајќи незаборавна музичка вечер во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.Пред исполнета сала и публика од различни генерации, таа ги изведе своите најпознати хитови, во придружба на моќен вокал и емотивни пораки. На почетокот од концертот ѝ се заблагодари на публиката за присуството и поддршката, најавувајќи вечер исполнета со „песни на надеж и за душа“.Покрај музичките изведби, Санде споделуваше и лични приказни,

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

(Видео) Светската ѕвезда Емели Санде за првпат во Македонија: Моќен вокал и вечер исполнета со емоции во Скопје


Сподели преку

(Видео) Американската војска погоди и онеспособи трговски брод во Оманскиот Залив

Американската војска нападнала и онеспособила трговски брод во Оманскиот Залив откако неговиот екипаж, според тврдењата на американските сили, не ги почитувал повеќекратните предупредувања и се обидел да ја пробие поморската блокада на Иран.Инцидентот се случил вчера, а американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека воен авион со прецизни ракети го погодил задниот дел од товарниот брод „М/В Худа“, кој плови под знамето на Свети Кристофер и Невис.Според CENTCOM, бродот претходно бил закот

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

(Видео) Американската војска погоди и онеспособи трговски брод во Оманскиот Залив


Сподели преку

(Видео) „Има ли пресуда?“ — „Има истрага“: Жестока расправа со секретарот на СДСМ за Алта банка

Дали СДСМ предупредува на опасност или со јавните настапи придонесува за паника меѓу штедачите? Ова прашање предизвика жестока расправа меѓу водителот Кристијан Ландов и организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски-Жаба, во „Претрес“.Трифуновски ги бранеше партиските настапи за Алта банка, изнесувајќи обвинувања за потеклото на капиталот на сопствениците и повикувајќи се на информации за постапки во странство. Тоа беа негови тврдења во разговорот, за кои Ландов побара да се направи разлик

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

(Видео) „Има ли пресуда?“ — „Има истрага“: Жестока расправа со секретарот на СДСМ за Алта банка


Сподели преку

(Видео) „Возевме такси, спиевме петмина во стан“: Секретарот на СДСМ за бегството во Шпанија

Возење такси, помагање во теретана и делење стан со повеќе луѓе — вака Зоран Трифуновски-Жаба, денес организациски секретар на СДСМ, го опиша животот во Шпанија, каде што, според неговото сведоштво, поминал четири години во бегство. Тој вели дека бегал од режиот на Груевски.Во „Претрес со Ландов“ раскажа дека најпрво заминал во Србија, кај роднини, очекувајќи дека ситуацијата ќе се разреши за неколку дена. Потоа, како што рече, добил информации поради кои проценил дека враќањето нема да биде едн

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

(Видео) „Возевме такси, спиевме петмина во стан“: Секретарот на СДСМ за бегството во Шпанија


Сподели преку

Судир на две возила во Скопје: Девојка се здобила со тешки повреди, уште две лица повредени

23-годишна девојка се здобила со тешки телесни повреди, а уште две лица биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 7 ноември 2026 година, во 20:35 часот, а во неа учествувале патничко возило „цитроен“, управувано од Е.С. (23), и „фолксваген Т-рок“, зад чиј волан бил 43-годишниот А.А. И двајцата возачи се од Скопје.Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната девојка, додека телесни повре

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Судир на две возила во Скопје: Девојка се здобила со тешки повреди, уште две лица повредени


Сподели преку

Малолетен возач и неговиот сопатник тешко повредени во сообраќајка во Скопје

Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, а уште едно лице било повредено во сообраќајна несреќа што се случила кај Стопански Двор во Скопје.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 7 ноември 2026 година, во 23:30 часот. Во неа учествувале патничко возило „сеат“, управувано од 17-годишник од Скопје, и „пежо“, зад чиј волан бил 52-годишниот С. М. од Делчево.Со тешки телесни повреди се здобиле малолетниот возач и неговиот сопатник Б. А., додека возачот на „пежото“ се з

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Малолетен возач и неговиот сопатник тешко повредени во сообраќајка во Скопје


Сподели преку

93-годишен пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил во Скопје

93-годишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од патничко возило на паркинг-простор на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.Според информациите од МВР, несреќата се случила на 7 ноември 2026 година, околу 13:40 часот. Возило „пежо“, управувано од 67-годишниот С.Ј. од Скопје, удрило во пешакот А.Ф. (93).Повредениот пешак бил пренесен во приватна здравствена установа, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршил

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

93-годишен пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил во Скопје


Сподели преку

Мајка пријавила дека таткото на нејзиниот вонбрачен сопруг ѝ се заканувал на малолетната ќерка со дрвен предмет

Жена од Прилеп пријавила дека нејзината малолетна ќерка била изложена на закани со дрвен предмет на улицата „Тризла“ во градот.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 7 ноември 2026 година, во 19:30 часот, во ОВР Прилеп. Триесет и шестгодишната С.К. пријавила дека заканите кон нејзината ќерка ги упатил Е.А., татко на нејзиниот вонбрачен сопруг.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Мајка пријавила дека таткото на нејзиниот вонбрачен сопруг ѝ се заканувал на малолетната ќерка со дрвен предмет


Сподели преку

Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал закани дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии и видеа доколку таа не стапи во љубовна врска со него

26-годишен жител на Кочани се соочува со кривична пријава за демнење, откако во период од околу три месеци следел 33-годишна жена и ѝ упатувал закани дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии и видеа.Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против К. М. (26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.Според пријавеното, во текот на 2026 година, осомничениот ја следел жената и ѝ се заканувал

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал закани дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии и видеа доколку таа не стапи во љубовна врска со него


Сподели преку

30-годишник ја нападнал сопругата, а потоа ја зел нивната малолетна ќерка

30-годишен скопјанец бил лишен од слобода откако неговата 22-годишна сопруга пријавила дека физички ја нападнал, а потоа ја зел нивната малолетна ќерка.Од МВР информираат дека случајот се случил на 7 ноември 2026 година, на подрачјето на Шуто Оризари, по што полициски службеници од СВР Скопје го привеле Џ.Б. (30).По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

30-годишник ја нападнал сопругата, а потоа ја зел нивната малолетна ќерка


Сподели преку

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Израелската воена операција против Иран сè уште не е завршена, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац, обвинувајќи го повторно Техеран дека се обидува да ги обнови напорите за производство на нуклеарно оружје. Иранските власти ги отфрлаат ваквите обвинувања.„Мисијата со Иран сè уште не е завршена. Иран се обидува да ги обнови напорите за набавка на нуклеарно оружје“, изјави Кац за време на официјална церемонија во Ерусалим.Израел и САД на 28 февруари започнаа офанзива против Исламскат

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“


Сподели преку

„Рама во затвор, Бериша во затвор“: Студентите во Тирана формираа жив ѕид за да ги спречат опозициските приврзаници да им се приклучат на протестот

Студентските протести во Тирана добија нова димензија откако демонстрантите формираа жив ѕид пред Министерството за образование за да спречат приврзаници на опозициската Демократска партија да им се приклучат на собирот. Со овој потег, студентите порачаа дека не сакаат нивното движење да биде ставено под партиско влијание.На протестот беше истакнат и транспарент со натпис „Рама во затвор, Бериша во затвор“, со кој незадоволството беше насочено и кон премиерот Еди Рама и кон опозицискиот лидер Са

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

„Рама во затвор, Бериша во затвор“: Студентите во Тирана формираа жив ѕид за да ги спречат опозициските приврзаници да им се приклучат на протестот


Сподели преку

19 кривични дела за безобѕирно управување со возило за едно деноноќие, 17 лица приведени

Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија биле регистрирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“, а 17 лица биле лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, 11 лица управувале возило без положен возачки испит или без стекнато право на управување. Меѓу нив имало и двајца малолетници, од кои едниот управувал мопед. Со едно лице бил извршен службен разговор.Во шест случаи возачите биле затекнати под дејство на алкохол. Највисока конц

пред 1 ден | 0
skopje1.mk

19 кривични дела за безобѕирно управување со возило за едно деноноќие, 17 лица приведени


Сподели преку