Почина напаѓачот од Краков, полицијата откри и тројно убиство во неговиот семеен дом
Дваесет и четиригодишниот Михал Оксињски, кој завчера на главниот плоштад во полскиот град Краков уби шест лица и рани уште 15, починал рано утрово во болница од последиците од тешките повреди здобиени во престрелката со полицијата, потврди локалната полиција.Нападот се случил околу 15 часот, кога Оксињски со автомобил пристигнал на главниот плоштад и со полуавтоматска пушка АР-15 отворил оган кон минувачите, туристите и таксистите. Загинале шест лица на возраст од 32 до 61 година, меѓу кои и ав