Милиони британски домаќинства ќе добијат по 100 фунти за сметките за струја

Британската влада најави милијарди фунти за ублажување на трошоците за енергија, но нова анализа на институтот „Резолушн фаундејшн“ покажува дека разликата во поддршката меѓу посиромашните и побогатите домаќинства е минимална. Посиромашната половина од домаќинствата во Британија во просек ќе добие 158 фунти, наспроти 144 фунти за побогатата половина.Анализата, објавена на 29 октомври, предупредува дека мерките предвидени во новиот буџет не се доволно насочени кон граѓаните што најтешко се справу

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Милиони британски домаќинства ќе добијат по 100 фунти за сметките за струја


Сподели преку

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Словачка се противи на двојните стандарди во пристапот на Европската Унија кон земјите-кандидати и бара јасна потврда дека членството е реална можност за Западен Балкан. Ова го порача словачкиот министер за надворешни и европски прашања, Јурај Бланар, при денешната официјална посета на Македонија.Бланар се повика на Солунскиот самит и декларацијата од 2003 година, оценувајќи дека договореното за европската перспектива на регионот не се спроведува. Тој предупреди дека растечката разочараност кај

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација


Сподели преку

(Видео) Трагедија во Кападокија: Карпа се урна врз луѓе, двајца загинати

Две лица загинаа, а едно е повредено откако дел од карпеста формација се урна врз луѓе во Кападокија, во централна Турција. Несреќата се случила по обилните дождови што го зафатиле подрачјето.Според гувернерот на покраината Невшехир, Хусеин Аксој, одронот се случил во 15:15 часот по локално време, кога делови од формација позната како „самовилски оџаци“ паднале врз луѓе во близина на музеј на отворено во местото Ѓореме.Спасувачките екипи на местото пронашле две починати лица и едно повредено. По

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Трагедија во Кападокија: Карпа се урна врз луѓе, двајца загинати


Сподели преку

Мелони им дозволува на Италијанците да избираат сопствени регистарски таблички

Италијанската влада планира да им овозможи на возачите да избираат персонализирани регистарски таблички за своите возила, со што се очекува да се зголемат приходите во државниот буџет.Мерката ја најави премиерката Џорџа Мелони при претставувањето на предлог-буџетот за 2027 година. Таа оцени дека новината ќе им овозможи на граѓаните да ја изразат својата креативност, но за тоа ќе треба да платат.Според предложената мерка, персонализирана регистарска табличка за автомобил ќе чини околу 600 евра, а

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Мелони им дозволува на Италијанците да избираат сопствени регистарски таблички


Сподели преку

Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов, на денешната собраниска седница за пратенички прашања отвори три теми поврзани со енергетиката, одбраната и здравството, барајќи конкретни информации за придобивките од инфраструктурните проекти и владините мерки.Во областа на енергетиката, Дрвошанов се осврна на повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје по 13 години, како и на изградбата на гасоводните интерконектори со Грција и Србија. Тој побара појаснување како овие проекти ќе придо

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството


Сподели преку

(Видео) Тепачка во ерменскиот парламент, пратениците се удираа со тупаници и фрлаа столчиња

Во парламентот на Ерменија избувна масовна тепачка меѓу пратениците од владејачката партија „Граѓански договор“ на премиерот Никол Пашинјан и опозициската партија „Силна Ерменија“. Пратениците се удирале со тупаници и клоци, фрлале столчиња и превртувале маси, по што морало да интервенира собраниското обезбедување.Инцидентот се случил за време на расправата за именување на член на Ревизорската комора, тело што го надгледува трошењето на јавните средства. Според ерменските медиуми, расправијата з

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Тепачка во ерменскиот парламент, пратениците се удираа со тупаници и фрлаа столчиња


Сподели преку

136 ученици во Македонија имале самоубиствени мисли или мисли за самоповредување поради сајбернасилство

Истражување спроведено во 32 основни и средни училишта во Македонија покажува дека 136 ученици имале самоубиствени мисли или мисли за самоповредување додека биле жртви на сајбернасилство. Тоа се 8,4 отсто од вкупно 1.623 ученици опфатени со истражувањето, финансирано од Министерството за образование и наука. Дополнително, 183 ученици, односно 11,3 отсто, се соочиле со социјална изолација и повлекување, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.Истражувањето го спровеле универзитетски професори од Битола, опфаќајќи

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

136 ученици во Македонија имале самоубиствени мисли или мисли за самоповредување поради сајбернасилство


Сподели преку

Трајчулески до Мицкоски: Како гарантирате контрола врз границите по бегствата и случајот со петте тони дрога?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски конкретни одговори за пропустите во контролата на државните граници, бегствата на лица од земјата, случајот со петте тони дрога и случаите во кои институциите не успеаја да обезбедат ефикасна контрола.Трајчулески посочи дека суверенитетот на државата не се брани со декларативен патриотизам и политички изјави, туку со функционални институции кои ги спроведуваат законите и об

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Трајчулески до Мицкоски: Како гарантирате контрола врз границите по бегствата и случајот со петте тони дрога?


Сподели преку

Германија и Јужна Кореја го продлабочуваат стратешкото партнерство, фокусот на одбраната и вештачката интелигенција

Германија и Јужна Кореја договорија продлабочување на соработката во одбранбената индустрија, вештачката интелигенција и другите напредни технологии. Договорот беше постигнат на средбата во Сеул меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг.„Потребна ни е, повеќе од кога било, силна мрежа на партнери кои споделуваат важни интереси и заеднички вредности“, изјави Мерц, најавувајќи дека односите меѓу двете земји ќе бидат подигнати на ниво на продлабочено стратешко

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Германија и Јужна Кореја го продлабочуваат стратешкото партнерство, фокусот на одбраната и вештачката интелигенција


Сподели преку

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали ќе се откаже од намерата за спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, предупредувајќи на опасноста од концентрација на огромна безбедносна моќ под една политичка контрола. Трајчулески потсети на минатото кога овие безбедносни служби беа злоупотребувани од тогашната партиска гарнитура на ВМРО, нагласувајќи дека граѓаните н

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?


Сподели преку

Нов инцидент во албанскиот парламент, опозицијата ја блокираше говорницата и запали факели

Пратениците на опозициската Демократска партија предизвикаа нови немири во парламентот на Албанија откако запалија чадни ракети, ја блокираа говорницата и покажаа фотографии од демонстранти за кои тврдат дека биле повредени од полицијата.Инцидентот се случи за време на гласањето за законските измени поврзани со централната банка. Пратениците на владејачката Социјалистичка партија го продолжија гласањето и покрај протестите, а четворица опозициски пратеници беа исклучени од собраниската седница.Н

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Нов инцидент во албанскиот парламент, опозицијата ја блокираше говорницата и запали факели


Сподели преку

Променливо облачно време со повремен дожд, утринска магла во котлините

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.Минималната температура ќе се движи од 6 до 12 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, со услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Променливо облачно време со повремен дожд, утринска магла во котлините


Сподели преку

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Маја Сивањанам.На средбата беше истакнато долгогодишното македонско-британско пријателство, чии корени датираат од крајот на 19. и почетокот на 20. век, како и значењето на стратешкото партнерство за поттикнување нови инвестиции во транспортот, енергетиката и здравството.Сиљановска-Давкова нагласи дека двете земји, како сојузници во Н

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам


Сподели преку

Делови од Карпош и Чучер Сандево утре без вода

Дел од жителите на општините Карпош и Чучер Сандево утре ќе останат без вода поради планирани интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈКП „Водовод и канализација“.Во општина Чучер Сандево, поради поставување регулатор за притисок на водоводната мрежа на улицата Призренска б. б., од 8:30 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето за дел од корисниците на улиците Призренска и Кучевишка Бара. Прекинот ќе трае до завршување на работните активности.Во општина Карпош, поради изведување водоводе

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Делови од Карпош и Чучер Сандево утре без вода


Сподели преку

Утре делови од Скопје без струја – проверете го списокот

Утре, петок (30 октомври), делови од Скопје ќе останат без електрична енергија поради планирани технички активности, информираат од ЕВН Македонија АД.Без напојување со електрична енергија ќе бидат улиците Стојна Стефкова, Јајце и Ордан Чопела во општина Гази Баба поради работа во трафостаниците ТС 4 и ТС 5.Прекин на електричната енергија е најавен и на улицата Корџевска во Драчево, општина Кисела Вода, поради работи на електричната мрежа.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Утре делови од Скопје без струја – проверете го списокот


Сподели преку

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот; за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Владата со намалувањето на ДДВ и акцизите ги ограничила цените на горивата, кои, според неговите податоци, се најниски во регионот. Тој најави дека очекува да бидат демантирани и тврдењата на опозицијата за претстојно поскапување на електричната енергија.Мицкоски посочи дека литар дизел во Македонија чини 99 денари, додека во Хрватска е 116, во БиХ и Словенија 119, во Црна Гора 122, во Србија 124, во

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот; за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра


Сподели преку

НП „Маврово“ го пориби езерото со 400 килограми пастрмка и крап

Националниот парк „Маврово“ спроведе порибување на Мавровското Езеро и дел од реките на територијата на паркот, со цел обновување и унапредување на рибниот фонд и зачувување на природната рамнотежа.Согласно Риболовната основа и Годишниот план за порибување, во Мавровското Езеро биле внесени 200 килограми пастрмка и 200 килограми крап, додека дел од реките биле порибени со речна пастрмка.Паралелно со овие активности, Службата за заштита на природата спроведува редовни контроли на водите и на тери

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

НП „Маврово“ го пориби езерото со 400 килограми пастрмка и крап


Сподели преку

Фиктивни фактури, двојна наплата и перење пари: Голема истрага за приватна болница и функционери на ФЗО

Осум лица се лишени од слобода во полициска акција спроведена во Скопје, Тетово и Куманово, во рамките на истрага за сомнежи за незаконско наплаќање операции на очи. МВР поднесе кривична пријава против 11 физички лица и една приватна здравствена установа, меѓу кои и поранешни и актуелни функционери на Фондот за здравствено осигурување.Акцијата била спроведена денеска, 29 октомври, од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Фиктивни фактури, двојна наплата и перење пари: Голема истрага за приватна болница и функционери на ФЗО


Сподели преку

Студентскиот оброк од 3.500 на 4.500 денари преку М-Услуги, но парите да се трошат за храна, а не за алкохол и цигари, предлага Мицкоски

Студентскиот оброк наместо сегашните 3.500 денари би можел да вреди 4.500 денари месечно преку нова услуга во апликацијата М-Услуги, со која средствата би се користеле исклучиво за купување храна. Овој предлог го најави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на студентските парламенти од универзитетите во Македонија.Мицкоски објасни дека постојат сомнежи оти дел од студентите средствата наменети за оброк ги користат за други потреби. Затоа, наместо исплата преку дебитни картичк

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Студентскиот оброк од 3.500 на 4.500 денари преку М-Услуги, но парите да се трошат за храна, а не за алкохол и цигари, предлага Мицкоски


Сподели преку

Стабилно е производството на струја, уверува Божиновска

Производството на електрична енергија во Македонија е стабилно, а цената по која ЕСМ ја продава произведената струја изнесува 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно помалку отколку во периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата. Ова го истакна министерката за енергетика Сања Божиновска, нагласувајќи дека се преземаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните.Божиновска, која одговараше на новинарски прашања по отворањето на саемот „Енерго Технома 2026“, рече дека ЕСМ обезбедув

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Стабилно е производството на струја, уверува Божиновска


Сподели преку

(Видео) Ме нарекува идиот, а идиот 7-8 пати го победува на избори, па треба да се запраша кој е вистинскиот идиот, му рече Мицкоски на Филипче

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, наведувајќи дека бил нарекуван арамија, предводник на организирана криминална група, па дури и нарко-трговец. Тој се осврна и на навредите дека е идиот, прашувајќи кој е вистинскиот идиот ако, како што рече, тој успеал да победи на седум или осум избори.„Замислете, тој идиот да ви победил седум-осум пати на избори. Треба да се поставите прашањето: кој е вистинскиот идиот?“, рече Мицкоски.Осврнувајќи се на унгарскиот кредит од

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Ме нарекува идиот, а идиот 7-8 пати го победува на избори, па треба да се запраша кој е вистинскиот идиот, му рече Мицкоски на Филипче


Сподели преку

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

По долгогодишно чекање, започна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во општина Гази Баба, со која се очекува да се подобрат условите за движење на возачите и пешаците.Почетокот на градежните работи го означија градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.Ѓорѓиевски истакна дека, иако реконструкцијата не била предвидена во неговата програма, потребите на граѓаните остануваат обврска. Проектот предвидува поставување нов асфалт, изградба н

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски


Сподели преку

(Видео) „Може на интернет да пишува што сака“: Стојна повторно снимена како бара пари за влез на „Куклица“ оти ѝ поминуваат низ имотот

„Може на интернет да пишува што сака“ – Стојна повторно е снимена како бара пари од посетители на локалитетот „Куклица“, тврдејќи дека тие минуваат низ нејзиниот имот.На видеото се слуша како им вели на посетителите дека ќе им издаде и фискална сметка. Кога еден од нив ѝ посочува дека на интернет пишува оти посетата е бесплатна, таа одговара: „Може на интернет да пишува што сака“. Потоа тврди дека нема официјална интернет-страница за локалитетот и најавува дека ќе ја пријави страницата на која е

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) „Може на интернет да пишува што сака“: Стојна повторно снимена како бара пари за влез на „Куклица“ оти ѝ поминуваат низ имотот


Сподели преку

(Видео) Филипче до Мицкоски: Вети враќање на името и поништување на Преспанскиот договор – ајде, исполни!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од собраниската говорница го повика премиерот Христијан Мицкоски да ги исполни ветувањата за враќање на името, поништување на Преспанскиот договор и промени во договорот со Бугарија и преговарачката рамка.Филипче побара Мицкоски да покаже што досега реализирал од најавените промени, потсетувајќи дека повеќепати ветувал подобрување на договорите и поголема заштита на македонскиот јазик.„Имате шанса, премиере. Луѓето чекаат да го вратите името. Вратете го. Чек

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Филипче до Мицкоски: Вети враќање на името и поништување на Преспанскиот договор – ајде, исполни!


Сподели преку