Студентите во Србија најавуваат специјален суд и бараат оставки од најмоќните функционери

По изборната победа во Србија, студентското движење најави сериозни промени во државните институции, барајќи оставки од повеќе високи функционери и најавувајќи формирање специјален суд за утврдување одговорност на носителите на највисоките функции.На прес-конференција во Пионерскиот парк во Белград, претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“, која освои повеќе од 52 отсто од гласовите, порачаа дека нема да чекаат формално преземање на власта за да побараат промени. Меѓу оние од

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и бараат оставки од најмоќните функционери


Сподели преку

(Видео) Трамп со навреди кон новинар на „Ројтерс“ по прашање за откажаните митинзи: „Одвратен си, болен си“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа најавените предизборни митинзи во Канзас и Ајова, планирани за претстојниот викенд, во пресрет на конгресните избори на 3 ноември. Наместо лични настапи, ќе одржи телефонски предизборни собири, а одлуката отвори прашања за неговото здравје и заморот по интензивната кампања.По враќањето од митингот во Јужна Каролина, Трамп остро реагираше на прашање од новинар на „Ројтерс“ дали се откажал од патувањето во Канзас затоа што му здодеало постојаното па

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Трамп со навреди кон новинар на „Ројтерс“ по прашање за откажаните митинзи: „Одвратен си, болен си“


Сподели преку

Македонија отвора врата за технолошки гиганти: се планираат инвестиции во дата-центри

Македонија планира да привлече странски технолошки компании и инвестиции во изградба на центри за податоци, а до 2029 година да привлече најмалку две стратешки значајни компании од областа на вештачката интелигенција. Плановите се содржани во нацрт-стратегијата за употреба на вештачката интелигенција, објавена на Единствениот национален регистар на прописи.Една од предвидените активности е изработка на студија за можностите за привлекување инвестиции во центри за податоци, која треба да се реали

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Македонија отвора врата за технолошки гиганти: се планираат инвестиции во дата-центри


Сподели преку

Мајка во САД ги задушила трите деца со ленти за вежбање, поранешниот сопруг ги тужи психијатарот и медицинската сестра кои ја лекувале од постпородилна психоза

Адвокатот на Линдзи Кленси ги отфрли медиумските наводи дека неговата клиентка ќе сведочи во граѓанската постапка што ја покрена нејзиниот поранешен сопруг, Патрик Кленси, против двајца специјалисти за ментално здравје кои ја лекувале пред смртта на нивните три деца во јануари 2023 година.Линдзи Кленси (36) е обвинета дека на 24 јануари 2023 година во семејниот дом во Даксбери, во американската сојузна држава Масачусетс, со ленти за вежбање ги задушила петгодишната Кора, тригодишниот Досон и осу

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Мајка во САД ги задушила трите деца со ленти за вежбање, поранешниот сопруг ги тужи психијатарот и медицинската сестра кои ја лекувале од постпородилна психоза


Сподели преку

17. ден протести во Албанија: Студентите и граѓаните бараат оставка од Еди Рама

Незадоволството од албанската влада и политичката класа и натаму ги изведува граѓаните на улиците во Тирана, каде што студентите, младите и претставниците на граѓанското општество 17. ден по ред протестираат пред зградата на Советот на министри.Денешните демонстрации во главниот град на Албанија поминаа мирно, без пријавени инциденти и судири со полицијата. На студентите им се придружија и универзитетски професори и претставници на граѓански организации.Протестот започна во близина на албанскиот

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

17. ден протести во Албанија: Студентите и граѓаните бараат оставка од Еди Рама


Сподели преку

Отрула тројца членови на семејството на поранешниот сопруг со отровни печурки – Австралијка осудена на доживотен затвор

Австралијката Ерин Патерсон ќе го помине остатокот од животот во затвор, откако Апелацискиот суд во сојузната држава Викторија ја одби нејзината жалба и ѝ ја заостри казната на доживотен затвор без можност за помилување.Патерсон (52) минатата година беше осудена за убиство на тројца членови на семејството на нејзиниот поранешен сопруг, кои починале откако на ручек им послужила јадење со отровни зелени пупавки. Осудена беше и за обид за убиство на Ијан Вилкинсон, сопругот на една од жртвите, кој

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Отрула тројца членови на семејството на поранешниот сопруг со отровни печурки – Австралијка осудена на доживотен затвор


Сподели преку

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Светската економија се соочува со нови ценовни притисоци пред почетокот на 2027 година, поттикнати од војната на Блискиот Исток, скапата енергија и растот на цените на храната. Иако меѓународните финансиски институции не предвидуваат глобална рецесија, нивните прогнози укажуваат дека домаќинствата и натаму ќе се соочуваат со високи трошоци за живот.Според најновиот извештај на Светската банка, цените на примарните производи во 2026 година би можеле да пораснат за 23 проценти, а енергијата за 32

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот


Сподели преку

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

СДСМ преку соопштение ја обвини Левица за проруска политичка ориентација, откако лидерот на партијата Димитар Апасиев, заедно со Реџеп Исмаил-Хактан и Александар Симонов, учествувал на форум на БРИКС во Москва и остварил средби со претставници на Евроазиската економска унија и Руската унија на производители.Од СДСМ реагираат дека со учеството на форумот и средбите во Москва, Левица ги покажува своите политички определби, посочувајќи дека во своето соопштение партијата зборува за интересот на Мак

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ


Сподели преку

Дел од Гази Баба и Драчево денеска без струја

Поради планирани интервенции на електричната мрежа, денеска (петок, 30 октомври) дел од корисниците во Скопје ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.Во општина Гази Баба, прекин во снабдувањето ќе има на улиците „Стојна Стефкова“, „Јајце“ и „Ордан Чопела“, поради работи во трафостаниците ТС 4 и ТС 5.Без струја ќе бидат и корисниците на улицата „Корџевска“ во Драчево, општина Кисела Вода, поради интервенција на електричната мрежа.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Дел од Гази Баба и Драчево денеска без струја


Сподели преку

Делови од Чучер Сандево и Карпош денеска без вода

Поради планирани интервенции на водоводната мрежа, денеска (петок, 30 октомври) прекини во водоснабдувањето ќе има во делови од општините Чучер Сандево и Карпош, информираат од ЈКП „Водовод и канализација“ – Скопје.Во општина Чучер Сандево, поради поставување регулатор за притисок на водоводната мрежа на улицата „Призренска“, без вода од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците на оваа улица и во населбата Кучевишка Бара. Прекинот ќе трае до завршување на работните активности.Во општина Карпош, п

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Делови од Чучер Сандево и Карпош денеска без вода


Сподели преку

(Видео) Врати го името, му рече Филипче на Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати критики до премиерот Христијан Мицкоски, повикувајќи го да ги исполни ветувањата поврзани со името, Преспанскиот договор и договорот со Бугарија.„Чекаат луѓето да го вратиш името. Врати го името. Чекаа да го поништиш Преспанскиот договор. Поништи го. Чекаа да го смениш или да го подобриш договорот со Бугарија. Ајде, подобри го“, порача Филипче, додавајќи дека Мицкоски ветувал и подобрување на преговарачката рамка и поголема заштита на македонскиот јази

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Врати го името, му рече Филипче на Мицкоски


Сподели преку

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за инвестиции во центри за податоци и развој на вештачката интелигенција, оценувајќи дека тие се клучни за идниот економски и технолошки развој. Тој најави дека Владата работи на неколку инвестиции од овој вид.Во гостувањето во „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“, Мицкоски рече дека нема да дозволи Македонија да заостанува во развојот на овие индустрии, туку ќе се стреми да биде меѓу земјите што активно ги применуваат новите технологии.„Да,

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува


Сподели преку

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води проактивни политики и презема навремени мерки, затоа сме со најниска инфлација и највисок раст на БДП

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Македонија полесно се справува со актуелната економска криза отколку во претходните години, наведувајќи дека инфлацијата во септември изнесувала 2,7 отсто, а бројот на вработени достигнал 708 илјади.Во гостувањето во „Само интервју“ на телевизијата „Канал 5“, Мицкоски рече дека економските политики треба да се оценуваат преку споредба на резултатите на владите, а не само преку цените на производите и горивата. Според него, важно е колку граѓаните можат да

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води проактивни политики и презема навремени мерки, затоа сме со најниска инфлација и највисок раст на БДП


Сподели преку

Путин по разговорот со лидерите на Норвешка и Финска: Русија не сака војна, но е подготвена за неа

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе ги отфрли наводите на „Фајненшл тајмс“ дека рускиот претседател Владимир Путин поголемиот дел од 90-минутниот разговор со него и финскиот претседател Александар Стуб го посветил на средновековната словенска историја.Сторе изјави дека Путин, всушност, зборувал за настаните од 2014 година наваму, а времето што соговорниците го поминале во разговор било приближно еднакво.И Путин се осврна на телефонскиот разговор што во вторникот го имал со Сторе и Стуб. Тој порач

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Путин по разговорот со лидерите на Норвешка и Финска: Русија не сака војна, но е подготвена за неа


Сподели преку

Лажни дојави за бомби во објектите на РТС, вработените се вратија на работа

Лажни дојави за поставени бомби во објектите на Радио-телевизија Србија (РТС) предизвикаа евакуација на вработените во Белград, но по полициските проверки беше утврдено дека нема експлозивни направи.Како што објави РТС, дојавата пристигнала во контакт-центарот на телевизијата во 18:42 часот. Контрадиверзантските единици на српското Министерство за внатрешни работи ги провериле објектите на РТС во Таковска и Абердарева, Радио Белград и објектот на Кошутњак.По завршувањето на проверките, кои потвр

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Лажни дојави за бомби во објектите на РТС, вработените се вратија на работа


Сподели преку

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот

Италија во петок ќе биде зафатена од големи штрајкови и протести поради растот на трошоците за живот и издвојувањето јавни средства за воени цели. Синдикатите бараат повисоки плати што ќе го следат растот на инфлацијата, како и поголема поддршка за граѓаните кои сè потешко ги покриваат основните трошоци.Синдикатот УСБ повика на штрајк во јавниот и приватниот сектор, а главниот протест ќе се одржи во Рим. Се очекува и студентите да излезат на улиците во поголемите италијански градови. Генерален ш

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот


Сподели преку

Сопственикот на „Пинк“ отпушта 1.000 работници, веќе 150 лица останаа без работа во театарот „Одеон“

Сопственикот на „Пинк медиа груп“, Жељко Митровиќ, најави дека околу 1.000 вработени во неговиот деловен систем ќе останат без работа поради финансиските тешкотии со кои сè уште се соочуваат дел од компаниите.Митровиќ соопшти дека веќе се отпуштени 150 лица од театарот „Одеон“ во Белград, откако биле распуштени сите негови ансамбли. Отпуштањата ќе опфатат околу десет компании во рамките на неговиот деловен систем.„Еден од најтешките денови во мојот живот, полн со емоции, љубов, топлина и разбира

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Сопственикот на „Пинк“ отпушта 1.000 работници, веќе 150 лица останаа без работа во театарот „Одеон“


Сподели преку

Мицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека телефонскиот разговор со Срдановиќ, носителот на листата што победи на изборите во Србија, бил протоколарен и дека очекува подобрување на економската соработка меѓу двете соседни држави.Во гостувањето во „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“, Мицкоски појасни дека со Срдановиќ се слушнал околу пладне и дека не очекувал од разговорот да прави јавен настан.Тој рече дека не го познава лично Срдановиќ, но изрази надеж дека во иднина Македонија и Србија ќе ги

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Мицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи


Сподели преку

Мицкоски: Ги браниме државните интереси и прилично успешно се справуваме со енергетската криза, но сето тоа треба да биде поодлучно

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Македонија денес е подобро место за живеење отколку пред три или четири години, посочувајќи дека Владата ги брани државните интереси, се справува со енергетската криза и презема мерки за сузбивање на криминалот. Сепак, тој призна дека се потребни уште поодлучни активности.Во гостувањето во „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“, Мицкоски рече дека во досегашното работење на Владата, која е избрана пред околу 28 месеци, нема афера поврзана со неа. Тој оцен

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Мицкоски: Ги браниме државните интереси и прилично успешно се справуваме со енергетската криза, но сето тоа треба да биде поодлучно


Сподели преку

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола

Дирекцијата за заштита и спасување објави моменти од пронаоѓањето и отстранувањето на над 1.700 гранати на локалитетот Тумбе Кафе во Битола.Преку објавените фотографии се прикажани делови од активностите за пронаоѓање и отстранување на опасните експлозивни средства. Станува збор за обемна акција во која биле пронајдени и отстранети повеќе од 1.700 гранати од ова подрачје во Битола.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола


Сподели преку

Алкарас го победи Басилашвили и се пласира во четвртфиналето во Виена

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас се пласираше во четвртфиналето на турнирот од серијата АТП 500 во Виена, откако го совлада Грузиецот Николоз Басилашвили со 6:1, 7:6.Вториот носител го освои првиот сет за само 28 минути, но во продолжението Басилашвили даде многу посилен отпор. Одлуката падна во тај-брејкот, во кој Алкарас беше посигурен и го заврши мечот без потреба од трет сет.По победата над Карен Хачанов во првото коло, Алкарас ја мина и втората пречка на турнирот во Австрија.Во четвртфинале

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Алкарас го победи Басилашвили и се пласира во четвртфиналето во Виена


Сподели преку

Василевска: Опозицијата работи против државните интереси и ги игнорира дури и сопствените членови

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска која дискутираше за политичките пораки и реториката на опозицијата во Собранието при што се осврна на застарениот начин на политичко дејствување и пропагандата што стои зад настапите на опозицискиот лидер.„Денеска со овој начин на политичко адресирање на сопствените пораки и политики, лидерот на опозицијата конкретно денес уште еднаш потврди дека гебелсовиот ПР од петата колона којшто с

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Василевска: Опозицијата работи против државните интереси и ги игнорира дури и сопствените членови


Сподели преку

Трамп ѝ обезбеди работно место на блиската соработничка во приватната трпезарија во Белата куќа

Блиската соработничка на американскиот претседател Доналд Трамп, 35-годишната Натали Харп, добила работен простор во неговата приватна трпезарија во Белата куќа, веднаш до Овалната соба. Таа е позната по тоа што постојано му носи испечатени вести, новинарски написи и документи, а сега работи во просторијата каде што Трамп гледа телевизија, телефонира и минува време надвор од официјалните состаноци.За промената пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неколку претставници на американската админис

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Трамп ѝ обезбеди работно место на блиската соработничка во приватната трпезарија во Белата куќа


Сподели преку

Јаневска ветува зголемување на студентскиот оброк, студентите чекаат детали

Зголемување на државната субвенција за студентски оброк ќе има, но сè уште не се знае колкав ќе биде новиот дневен износ и кога ќе почне да се применува. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска порача дека ќе се најде решение за барањето на студентите субвенцијата од 140 да се зголеми на 200 денари дневно.Едно од решенијата што се разгледуваат е воведување ваучери наместо платежни картички, со кои студентите би можеле да купуваат исклучиво храна. Студентските претставници наја

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Јаневска ветува зголемување на студентскиот оброк, студентите чекаат детали


Сподели преку