(Видео) Трагедија во Хрватска: Еден загинат и над 40 повредени во пожарот кај Омиш
Бројот на жртвите во големиот шумски пожар кај хрватскиот град Омиш се зголеми на едно лице, додека повеќе од 40 луѓе се повредени. Телото било пронајдено при прегледот на опожареното подрачје, но неговиот идентитет засега не е потврден.Седуммина од повредените се во животна опасност и се приклучени на респиратори, изјави хрватската министерка за здравство, Ирена Хрстиќ. Четворица од нив се префрлени на лекување во Загреб, меѓу кои и 17-годишна девојка.Пожарот избувнал кај местото Локва Рогозниц