112 во Грција може да ви го спаси животот: Што да направите ако ви стигне предупредување додека сте на одмор
За македонските туристи кои деновиве престојуваат во Грција, едно известување на мобилниот телефон може да биде од особено значење. Доколку на екранот се појави порака од 112, проследена со силен аларм, не ја игнорирајте и внимателно прочитајте ги упатствата на грчките власти.Предупредувањата се особено важни овој викенд, бидејќи за сабота, 15 август, грчките власти прогласија многу висок ризик од пожари, категорија 4, во повеќе делови од земјата. Меѓу најризичните подрачја се Халкидики и Света