Проданоски: Почна обновата на клучниот водоводен цевковод во Прилеп
Во Прилеп започна реализацијата на значаен инфраструктурен проект за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифоски“, информираше градоначалникот Дејан Проданоски. Проектот се реализира со поддршка на Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а вкупната вредност изнесува околу 5,9 милиони денари. Изведувач на работите е компанијата „ВОД-ВАР ИНЖЕНЕРИНГ“ од Скопје, а рокот за завршување е шест месеци, иако од општината очекуваат градежните акт...