Проданоски: Прилеп доби ново собирно место за селекција и одлагање отпад
Во Прилеп денеска официјално беше пуштено во употреба новото Собирно место за селекција и одлагање на отпад, кое претставува значаен чекор кон воспоставување на поорганизиран, поодржлив и поеколошки систем за управување со отпадот во градот. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека паралелно со отворањето на новото собирно место, во Прилеп пристигнало и ново специјализирано возило за подигање отпад, обезбедено преку Министерството за животна средина и просторно план...