„готово е!“ одекнува низ белград: дали 25 октомври ќе го донесе она што вучиќ најмалку го очекува?
Белград синоќа беше сцена на две спротивставени политички слики. Додека десетици илјади граѓани го исполнуваа плоштадот Славија, барајќи политички промени, Александар Вучиќ од собирот на своите приврзаници најавуваше убедлива победа на претстојните парламентарни избори во Србија. Извиците „Готово е!“, „Победа!“ и „Пумпај!“ одекнуваа низ српската престолнина на завршниот митинг на движењето „Студентска листа – Студентите победуваат“, кое се наметна како сериозен предизвикувач на долгогодишното вл...