Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10
Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО. “ Низ Македонија поминуваат два паневрoпски коридори, Коридорот 8 исток-запад и Коридорот 10 север-југ. Ние сме единствена држава в...