Има ли контрола за деновите што пациентот ги губи чекајќи помош?
„Успехот на здравствениот систем не се мери според бројот на откриени злоупотреби на боледување, туку според бројот на луѓе што добиле помош додека сè уште имало време“ - Аматерката . Неподвижна пациентка со рана од лежење е упатена од Скопје во Тетово за хируршки третман. Има приоритетен упат, но тоа не ѝ обезбедува превоз, ниту сигурност дека, кога ќе пристигне, раната ќе биде третирана. Нејзиното семејство треба да организира медицинско возило, да го плати патувањето и да се надева дека нема...