Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв
Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај во Северна Македонија во август 2026 година бил зголемен за 34,8 отсто во споредба со истиот месец лани. Скопскиот аеродром, кој спаѓа во категоријата аеродроми со меѓу еден и 10 милиони патници годишно, со раст од 34,8 отсто се пласирал на четвртото место...