СДСМ: Врие од бугарски пасоши во Владата на Мицкоски
Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски, стои во соопштението на СДСМ. Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства. Зошто? Затоа што тогаш пола Влада на Мицкоски ќе требаше да си замине. [...]