novatv.mk
Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија
Белград: Претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ, на панел-дискусија организирана од медиумската мрежа „Политико“ изјави дека европската интеграција е стратешки приоритет на Србија, нагласувајќи дека земјата успешно се справува со глобалните економски предизвици предизвикани од конфликтите во Европа. Брнабиќ нагласи дека во првиот квартал од 2026 година, Србија постигнала раст на БДП [...]
Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата
Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, попладнево на прес-конференција. Филипче посочи дека актуелниот геополитички момент претставува една од најважните можности за државата да го продолжи европскиот пат и да стане дел од процесот на новото проширување на Европската Унија. [...]
Уште 10 дена до рокот СДСМ: Мицкоски нема да ги исполни рефотмите
Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра“, велат од СДСМ. Молчи Владата за клучното [...]
Референдум за ЕУ – опасна авантура
Звонко Каров: Виктор Габер,поранешен македонски амбасадор и дипломат бара од пратениците на Собранието да поднесат иницијатива за организирање на референдум за ЕУ. И објаснува (во порталот Либертас) што се’ со тоа мисли. Не сум сигурен дека ги земал во предвид сите околности пред да побара.Не сакам да верувам дека посакува поинаков исход освен оној дека [...]
Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата
Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија предлагаат модел што би го забрзал приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ преку постепено отворање на клучни делови од единствениот европски пазар. Наместо класичниот процес во кој целосното членство е единствената награда на крајот од реформите, идејата е интеграцијата да се „распарчи“ во повеќе фази. Така, државите кандидати би [...]
Скандал на ОЈО ГОК со објавата дека се води предистрна постапка!
Тони Дескоски: Просто не можам да верувам во веста што е пренесена преку медиумите и интернет порталите. Обвинителството за гонење на организиран криминал ПОТВРДИЛО дека води ПРЕДИСТРАГА за шпионажа во кабинетот на Претседателката. Според Законот за кривична постапка, предистражната постапка е ТАЈНА! Ова е ноторен факт, кој му е познат на секој студент по право [...]
Белгија покрена судска истрага во врска со случајот со наводното „човечко сафари“ во БиХ
Белгиското обвинителство потврди дека започнало истрага за наводно учество на белгиски државјани во т.н. „човечки сафари“ за време на војната во Босна во 90-тите години од минатиот век. Според италијанско новинарско истражување, во текот на опсадата на Сараево таканаречени „воени туристи“ од повеќе земји им плаќале на босанските Срби за да пукаат врз цивили. Поранешниот [...]
СДСМ: Левица не е поканета – ниту ќе биде поканета, во Фронтот на вистина и правда нема место за ВМРО сателити
Не сте поканети, ниту ќе ве поканиме. Фронтот на вистина и правда не е за приврзоци на ВМРО и сателити од типот на ЗНАМ и Левица – ЗНАМ верзија 2.0, стои во соопштението на СДСМ. Знаеме дека ве ангажира Мицкоски сега кога се распадна ЗНАМ и нивниот предводник, бугарскиот стопанственик Максим Димитриевски. Нема да му [...]
СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата, Филков си ја штити фотелјата
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков, намерно го кочат процесот за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија. Од партијата прават паралела со актуелните случувања во Будимпешта, каде што новиот унгарски премиер Петер Маѓар открива детали за бегството на полски министер кој имаше заштита [...]
Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна информација од Министерството за внатрешни работи во врска со сомнежите за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова. Како што се наведува, обвинителството ја започнало постапката на 18 декември 2025 година, веднаш по добивањето [...]
Амбисот во кој нѐ носи власта со начинот на кој управува со парите на граѓаните
Фани Каранфилова – Пановска Јавниот долг е 11 милијарди евра, т.е. зголемен е за 2,5 милијарди евра (близу 30%) во последните две години! Ова значи дека секој еден граѓанин, па и бебињата кои се раѓаат вечерва, носат товар од 6 000 евра кои треба да ги враќаат!!! Или уште попластично, 75% од годишните приходи би [...]
САДМ: Мицкоски има свој Петер Сијарто, како Орбан – се вика Иван Стоилковиќ
Наместо да одговараат за својата проруска политика и за блокадата на европскиот пат, од ВМРО-ОКГ сега се обидуваат да направат кампања за перење од Русија, стои во соопштението на СДСМ. Кој има потреба од шпионирање во кабинетот на претседателката Сиљановска којашто е тотално неважна? Кој има потреба да шпионира кога вицепремиерот Иван Стоилковиќ ги испраќа [...]
СДСМ: ВМРО организира граѓани на Македонија за митинг во поддршка на Вучиќ – срамно мешање во внатрешните работи на друга држава
Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контра-митинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ, соопштуваат од СДСМ. На плакатот што го шират низ Македонија јасно се гледа: собирање и поаѓање на митингот пред српскиот конзулат во Куманово, со цел да се поддржи Вучиќ. [...]
Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!
Џабир Дерала – Претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода Главен уредник на ЦИВИЛ МЕДИА Кои едноставни, разумни и веднаш применливи чекори може да ги преземат властите, институциите и големите компании за да ја олеснат тешката економска и социјална положба на граѓанките и граѓаните во оваа и онака сиромашна земја? Прашањето не е теоретско. Не [...]
ТЕЦ Неготино: Кој прв почна …
Не е толку изненадувачки што Премиерот се јавил кај Обвинителот, поважно што Обвинителот му одговорил на Премиерот и како ќе се постави кон својата обвинителка Коларевиќ и кон нејзинината одлука по предметот. Љубиша Николовски Да се потсетиме: Улогата на ВМРО ДПМНЕ во случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино беше пред сè политичка, јавно-обвинувачка [...]
Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ
Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот лидер Си Џинпинг ќе разговара за проширување на врските и за горливите глобални прашања, пренесуваат сите новински агенции. Путин е придружуван од делегација составена од министри, бизнис лидери и високи функционери, вклучувајќи ја и гувернерката на Централната банка, Елвира Набиулина, [...]
Ин мемориам – За кривите линии на Коракс
Поради својата слободољубивост и личното „вјерују“, Коракс често беше во судир со уредниците во медиумите во кои работеше; не претпочиташе да биде на линија на власта и тој став лично го чинеше. Прво со цензура, а потоа со протерување од тогашниот белградски медиум „Вечерње новости“ по триесет години работа. И покрај сè, секогаш беше спремен [...]
post script-um / Македонците и северномакедонците меѓу Гавгамела – Беласица – АСНОМ – ЕУ
Зоран Иванов Ја праша ли некој, ја праша ли нашиот министер за надворешни, пред да крене прав и да драматизира со вербални ноти, ја праша ли веднаш, уште на таа случајната средба од нозе, ја праша ли младиот македонски министер Тимчо Муцунскли, ја праша ли младата бугарска министерка, Велислава Петрова Чамова, зошто, или, уште попрецизно, [...]
Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати
Герлиц: Спасувачките екипи во Источна Германија денеска утринава трагаа по тројца кои исчезнале по уривање на зграда во градот Герлиц, во близина на границата со Полска, објави „Асошиејтед прес“. олицијата соопшти дека можна причина за уривањето, кое се случило вчеравечер, е експлозија на гас. Спасувачите работеле со голема претпазливост на местото на несреќата поради можност [...]
Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката
До нашата редакција стигна анонимна кривична пријава што била поднесена и до Обвинителството, потпишана од „група вработени во МВР“, според која, се копирале и енкриптирале, односно се шифрирале податоци во таен код, наводно за да завршат кај странски разузнавачки служби. Фросина Факова Серафиновиќ Она што во овој случај го зголемува сомнежот е тоа што Обвинителството [...]
Си-Ен-Ен: Детали за убиствата пред џамијата во Сан Диего
Полицијата соопшти дека на едно од оружјата употребени во нападот бил испишан говор на омраза, но дека засега не е утврдена конкретна закана насочена директно кон Исламскиот центар Тројца возрасни мажи загинаа во пукање пред Исламскиот центар во Сан Диего, најголемата џамија во градот, а американските власти го истражуваат нападот како можно злосторство од омраза. [...]
Гордо – назад и надолу
260 милиони евра – нова доза седативи за македонската економија Џабир Дерала Кога пациентот е во критична состојба, а лекарите немаат план за долгорочно лекување, најлесно е да му се препише уште една доза седативи. Токму тоа го прави Владата со најновиот заем од 260 милиони евра од странски комерцијални банки, кој експресно, по скратена [...]
Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши
Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче: Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши. Одбија да го прифатат предлог-законот наш на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите [...]