Соларен саем во Охрид, информации за придобивките од користењето на соларната енергија
На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност. Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и концептот на просумер – граѓанин кој произведува и троши...