Мицкоски на отворање на новиот производен капацитет на компанијата „АСП – ПАК“ ДООЕЛ во Охрид
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на отворање на новиот производен капацитет на компанијата „АСП – ПАК“ ДООЕЛ во Општина Охрид. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Компанијата е основана во 2000 година и започнала со green-field инвестиција во опрема за производство на плетени производи од полиетилен за пакување земјоделски производи. Производите на АСП ПАК се наменети за земјоделството, градежништвото и индустријата и се користат во пове...