Стоп за плати, зелено светло за нови вработувања!
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во моментов не постојат услови за зголемување на платите во судството и обвинителството, нагласувајќи дека фокусот ќе биде ставен на подобрување на ресурсите и работните услови. Изјавата доаѓа откако новоименуваниот државен јавен обвинител Ненад Савески побара зголемување на буџетот за обвинителството, со цел поефикасно функционирање на институцијата. „Во делот на платите во овој момент не гледам простор за интервенција. Но, кога станува збор за ресурси,...