Мицкоски за „Плаошник“: Конечно ќе го завршиме тој проект, кој за жал не бил во приоритетите на многу влади претходно
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека дел од инфраструктурните и развојните проекти во Охрид се веќе реализирани или се во фаза на реализација, најавувајќи продолжување на работите на автопатот Кичево–Охрид и посилна динамика за довршување на проектот „Плаошник“.„Дел од приоритетите коишто ги имаше општината и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците се или реализирани или се во фаза на реализација или ќе отпочнат да се реализираат. Многу е важно кога патувате накај Охрид и кога ќе...