Трафостаницата на новата улица во Битола е предвидена уште во проектот од 2010 година
Новата сообраќајница СРУ5 во Битола, која ја поврзува улицата „Партизанска“ со населбата „Златен рид“ во просторот на старата касарна, деновиве предизвика внимание во јавноста поради трафостаницата која се наоѓа во непосредна близина на коловозот и тротоарот. Но, според увидот во документацијата што го објави „Независен“, објектот не е резултат на случајна или непланирана изведба, туку е дел од урбанистичките и сообраќајните проекти уште од претходните плански решенија. Како што објави „Независе...