Сеќавања, тага, пораки по заминувањето на новинарката Гордана Дувњак: Новинариште и човечиште, со незаменлива насмевка
Почина новинарката Гордана Дувњак, а од неа со трогателни пораки се простија семејството, пријателите и колегите, опишувајќи ја како врвен професионалец и човек со големо срце. Најемотивна порака упати нејзиниот син Стефан, кој напиша дека заминала „нивниот ангел и борец“, жена која целиот живот го посветила на своите деца.„Не напушти нашиот ангел и борец, мојата мајка. Целиот живот го посвети на мене и Мартин и беше најпрекрасниот човек на светот, толку добра, искрена, човечна и секогаш спремна...