Нов момент во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 била за друг објект и друга локација
На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Обвинителството продолжи со изведување материјални докази, при што беше презентирана лиценца издадена во 2012 година од Министерството за економија. Одбраната побара во судницата да се прочита делот од лиценцата во кој е наведено за кој објект, за која дејност и за која локација е издадена. Од презентираниот доказ произлезе дека лиценцата не била издадена за објектот каде што се случи трагедијата, туку за сосема друг угостителски објект, на друга адреса,...