Нови правила за вработување: што носи законот што го заменува „балансерот“?
ДОДЕКА ФОКУСОТ БЕШЕ НА СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ – ВЛАДАТА ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ По години дебати, критики и политички несогласувања околу начинот на вработување во јавниот сектор, државата прави нов обид да воспостави пофер и поефикасен систем. Со усвојувањето на законот за правична и соодветна застапеност, Владата сигнализира пресврт – од модел базиран на етнички квоти кон пристап што во прв план ги става знаењето и компетентноста, но без да ја занемари потребата од баланс меѓу...