Куклиш без вода до вечерва поради дефект на водоводната мрежа
Жителите на населеното место Куклиш се без водоснабдување поради дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица. Според информацијата, водоснабдувањето ќе биде во прекин до вечерните часови, односно до целосно санирање на дефектот. Од јавното претпријатие бараат разбирање од граѓаните. The post Куклиш без вода до вечерва поради дефект на водоводната мрежа appeared first on Radio StrumicaNet.