(Видео) Во 02:32 минути пред „Пулс“: молк, солзи, плач и сеќавање на 63 животи кои згаснаа за миг.
По една година од трагедијата, родители, браќа, сестри, семејства и пријатели се собраа пред некогашниот објект на дискотеката „Пулс“ во Кочани, местото каде ги изгубија своите најблиски.Лелек, плач и солзи ја исполнија тишината. Со свеќи во рацете, тие стоеја пред објектот и се сеќаваа на прерано згаснатите животи.Во 02:32 часот – моментот кога минатата година избувна пожарот – присутните оддадоа почит со пет минути молк и молитва за жртвите. Тишината беше прекинувана само од плачот на семејств...