Сопругот на исчезнатата Злата Јанкова започна штрајк со глад пред полицијата во Свети Николе.
Дејан Јанков од Свети Николе, сопруг на Злата Јанкова – жената која исчезна на 16 јуни 2024 година – утрово започна штрајк со глад пред полициската станица во Свети Николе. Тој вели дека ќе остане таму и ќе гладува сè додека институциите не преземат конкретни чекори и не добие одговори за судбината на неговата сопруга.„Не знам повеќе како да го свртам вниманието кон нашиот случај. Времето минува, а настанот паѓа во заборав. Што ѝ се случило на жена ми, жива ли е, кој стои зад нејзиното исчезнува...